SUBARU SPORT MOBILITY-НОВА „ИМПРЕЗА“ ИЛИ?!

02/11/2023

Тие што го следат Светскиот Шампионат во Рели, сигурно се сеќаваат на моделот „импреза“ и настапите на тимот Субару во спомнатото натпреварување. Овој јапонски производител на автомобили познати по својот погон на сите тркала и по боксер моторите како бензински така и дизел, освои три титули во класата за конструктори (1995, 1996, 1997) и уште три во класата за возачи (1995, 2001, 2003). Две децении во СШР, шест титули и потоа следеше повлекување. Одговорните тогаш велеа дека немаат повеќе интерес да бидат присутни во рели шампионатот. Дојдовме, видовме како е, освоивме шест титули и сега е време да се посветиме на други нешта. Така отприлика велеа одговорните, односно во 2008 год. кога тимот Субару го извози своето последно рели.

Годинава на јапонскиот собир на моторни возила ЈМШ (Јапан Мобилити Шоу), односно на секаков вид возила, Субару го претстави концептот именуван како „спорт мобилити“. Концепт со нагласена агресивна спортска линија, но и тркала со голем дијаметар. На прв поглед автомобилот е малку повисок од стандардните, што јасно кажува дека е продолжение на таа славна „импреза“ од рели натпреварите. Дали во ерата на електрификацијата Субару забрзано се подготвува за повторно враќање во СШР или, пак, засега концептот ќе биде отскочна даска за идните електромобили кои се планирани да излезат од фабричките хали? Оскудните податоци беа премногу од општ карактер, најверојатно производителот крие детали и подготвува изненадување во скора иднина.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.