SUBARU FORESTER-КЛАПА ШЕСТА

09/10/2024

При една средба на Тојода, сопственик и челник на Тојота, со одговорниот од Субару, изјавил: „никогаш нема да згасне идентитетот и самостојноста на Субару затоа што е премногу посебен и има свој приод во светот на правењето автомобили. Субару ќе остане таков каков што си беше и досега и нема да ја внесеме во него филозофијата на Тојота“. Дека тоа е така докажуваат боксер моторите (бензински и дизел), линеарниот погон на сите тркала и специфичните возила, односно модели, кои подеднакво добро се снаоѓаат и на асфалт и надвор од него. Ова се има случено откако Тојота стана најголем сопственик на акции во Субару. Денес Субару е тоа што беше и пред Тојота да стане најголем сопственик на акции, свој на своето.

Деновиве Субару го претстави својот надалеку познат и почитуван модел „форестер“. По шести пат светот ќе има прилика да се запознае со спомнатиот модел. Нов дизајн, нова внатрешност, повеќе удобност за патниците, поцврста конструкција за 10 отсто во однос од минатата генерација, сега најниската точка од каросеријата е поставена на 220 мм висина мерено од подлогата, повеќе електронски уреди за снаоѓање во сообраќајот и еден уред кој за првпат се вградува во некој модел од Субару, а тоа е направата со која автомобилот автоматски застанува кога возачот не е во состојба да управува со возилото.

Покрај многуте новости, сепак некои уреди останале истите како на пример линеарниот погон на сите тркала познат под името „линеартроник“. Тој е толку совршен, испробан и сигурен така што нема потреба да биде дополнително доработуван. Ако некој е познат по нешто во автомобилската индустрија, тогаш тоа е Субару по погоните на сите тркала и по своите турбо боксер мотори со зафатнина од 2,0 и 2,5 л. Отсега натаму моделот „форестер“ ќе носи и умерена хибридна технологија, а за во иднина заедно со Тојота развиваат електрични погонски системи и шасии (платформи).

Шестата генерација од „субару форестер“ без проблем ќе го продолжи походот на своите претходници и лесно ќе се справи со конкуренцијата која не е многубројна, затоа што „форестерот“ сам по себе е посебен во секој поглед. Продажбата е закажана за почетокот од наредната година.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.