Современата автомобилска индустрија се врти кон електрификација на возилата, но да не заборавиме дека има многу од нив кои и натаму развиваат нови и бензински и дизел мотори. Тоа се случува од една страна, а од друга, малите работилници многу повеќе посветуваат внимание на супер и хипер автомобилите, отколку гигантите. Сѐ уште не знаеме зошто е тоа така, но од БМВ стигнува вест дека за нешто повеќе од две години ќе претстави супер автомобил со силина од 1.360 КС, односно 1000 kW. Уште во 2019 година БМВ беше подготвен да го претстави концептот „вижн м некст“ (1.000 kW бмв), но тогаш одговорните решија да го повлечат проектот уште пред да биде изложен пред јавноста.
Откако БМВ најави целосна нова основа за идните возила, запоставениот проект за супер возило повторно е во игра. Таа идно сегашна основа (платформа) треба да биде или веќе е способна да носи електричен автомобил чиј погонски агрегат има 1.000 kW. Новата основа наменета за идните возила од БМВ е именувана како „ное класе платформ“.
Со два или три електромотори, за лимузини или за сув модели, новата основа (платформа) ќе биде повеќенаменска. Сето ова треба да се реализира во 2025 година, а дотогаш само овие фотографии од „бмв вижн м некст“ ќе бидат нем сведок за сѐ уште неостварениот сон на БМВ за супер автомобил.
Жарко Атанасоски