SONY VISION-S-Сони и неговата електрична „визија“

15/01/2021

Лани кога електронскиот гигант Сони го прикажа својот електромобил од премиум класата, останатите производители беа шокирани од потегот. Многу малку се зборуваше за Сониевиот автомобил, а уште помалку се пишуваше. Секоја година во јануари светот на новите нешта, особено електронските, се собираат во градот на „светлината“ и коцкарниците, Лас Вегас, каде ги прикажуваат своите најнови достигнувања.

Минатиот јануари Сони пристигна во Лас Вегас со својата семејна лимузина, односно комбилимузина. Автомобилот сè уште е концепт, но остатокот од индустријата беше неподготвена да ја прими таа вест. Оттогаш, Сони си работи на случајот електромобил, но без било какви детали за јавноста. По само една година од шокантната приредба, Сони деновиве повторно е во акција и повторно од истото место, манифестација ЦЕС, локација Лас Вегас, го поздравува светот со видео материјал на кој јасно се гледаат тестирањата кои ги врши во планинските предели на Австрија. Таму се одвиваат тестирањата затоа што соработува со компанијата Магна Штајер во конструирањето на возилото, но и со Континентал, Бош, НВидиа, ЗФ и со останати водечки компании поврзани со автомобилската индустрија. Меѓудругото, со години и децении наназад снабдува голем број производители на автомобили, меѓу нив и Лексус, со најразновидни делови, главно поврзани со електрониката.

Инаку за „сони вижн с“ пишувавме, а сега ќе го повториме материјалот. Тоа е класична лимузина од средната премиум класа со погон на сите тркала, односно секоја оска располага со 200 kW електромотор. Сега може да замислите зошто „сони вижн с“ забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 4,8 секунди.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.