SMART CONCEPT #5-НАСКОРО НОВ „СМАРТ“ ВО ПРОДАЖБА

26/04/2024

Светската премиера на „смарт концепт број 5“ беше приредена на Салонот за автомобили во Пекинг, односно на 25 април ден резервиран само за новинарите. Едно време Смарт автомобилите беа во сопственост на Мерцедес и Своч, но како што се менуваат времињата, така се смени и сопственикот, но Мерцедес сѐ уште е во игра, иако сега Смарт е дел и од кинескиот автомобилски конгломерат Гили. Што всушност е „смарт концепт бр. 5“? Нешто како зголемен кросовер, малку и ситикрузер, но како што тргнале работите изгледа најмногу ќе биде наменет за употреба надвор од асфалтот. И уште нешто, ова е најголемиот „смарт“ досега направен, без разлика што е концепт, тој во најскоро време ќе биде „фрлен“ во сериско производство. Тоа значи дека уште сега „смарт концепт бр. 5“ е сериски. Како што тргнале работите во Гили, платформата „сеа“ не му гине на најголемиот Смарт.

Таа основа веќе ја користат возилата од марките Зикр, Полстар и Волво. Денес тоа така се прави. Еден мотор за сите, една основа (платформа, шасија) за сите, и така со ред сите делови се исти од модел во модел, само што возилото носи друго име. И да не заборавиме, овој концепт е од премиум класата што значи цената ќе му биде малку „солена“. Погонот е на сите тркала, а ќе биде претставник на тие што не чадат – користи 800 волти батерија со капацитет од над 100 kWh.

„Смарт концепт бр. 5“ е сув возило со средни димензии (околу 4,7 м) и негови директни противници се: „ мини кантримен електрик“, „бмв и икс 1“, „мерцедес е ку а / е ку е“, „ауди ку 4 е-трон“ и секако соодветните модели од Волво и Полстар, но и Џип теба да биде тука некаде.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.