ŠKODA-Студентска академија по седми пат

25/07/2020

Посебниот оддел во Шкода кој работи со младите и талентирани студенти дизајнери, годинава повторно изложи автомобил замислен и направен од студентите. Во работата на проектот учествуваа 31 студент потпомогнати од дизајнерскиот оддел на Шкода, но и од конструкторскиот и другите оддели.

Ваквиот начин на работа се практикува со цел студентите одблиску да се запознаат со работата да учествуваат во неа, а не да бидат интернет посматрачи на севкупната работа.

Идејава датира од 2014 година кога за првпат студентите имаа можност да направат автомобил по своја замисла користејќи како основа некој од постоечките шкодини модели. Таа година моделот „ситигоу“ од рацете на студентите се претвори во двосед, односно музика на тркала, затоа што во возилото беше вграден аудио систем со силина од околу 2000 вати.

Тоа беше за првото учество на младите во дизајнерско конструкторскиот оддел на Шкода, а сега студентите се собраа по седми пат и на основа од моделот „скала“ направија двосед спајдер и го нарекоа „славија“. Спајдерот е долг 4362 мм, широк 1793 и висок 1410 мм со меѓуоскино растојание од 2649 мм. Со сите измени и поправки новосоздадениот автомобил „шкода славија спајдер концепт“ има 1.210 кг и е задвижуван од 1,5 литарски турбо бензински мотор со 150 КС.

Да не биде изоставена музиката на тркала, како и претходните така и ова, студентското возило располага со супериорен аудио систем со следниве бројки, 320 ватни звучници и субвуфер од 2250 вати – диско во движење.

Не е толку битен автомобилот и неговата спајдер конструкција, туку тоа што студентите имаат можност директно да видат и осетат како се создава автомобил. И кај нас има студенти кои ги изучуваат начините како се создаваат возила, но немаат прилика да бидат директни учесници во сето тоа. Едноставно треба да им се даде прилика да осетат како е да се оди на работа, а таму да ги чека планот за создавање моторно возило. Таква студентска академија како таа на Шкода, кај нас не постои, едноставно нема, но затоа имаме студенти на кои им фали практичниот дел од работата и нивно директно вклучување во севкупното создавање на моторните возила. Но, да не губиме надеж.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.