Чешкиот производител на автомобили пред околу шест или седум години отпочна една идеја во која ги вклучи студентите. Нивна задача е од некој постоечки модел да осмислат негова изведба, независно дали тоа ќе биде спајдер, караван, пик ап, сув, барчета или купе. За седмото издание од оваа веќе традиционална „изложба“, студентите подготвија спајдер изведба од новиот модел „скала“.
Премиерното прикажување на цртежите и објаснувањата како е правен автомобилот ќе се случи годинава во јуни и секако нивниот „скала спајдер концепт“ ќе биде под рефлекторите во изложбениот простор.
Со оваа своевидна изложба, Шкода заедно со дизајнерскиот оддел ги поттикнува младите дизајнери да створат нешто свое и со тоа да ја заскокоткаат нивната желба за истражување за време на создавањето на нивното дело.
Добрата страна на средбата со студентите е тоа што имаат прилика да бидат во директна линија со шефот Оливер Стефани на дизајнерскиот оддел во Шкода и во секое време додека работат можат да разговараат за секоја новосоздадена линија. Шкода во својот поширок состав, не само што има производни погони, туку има и центар за обука, школо, оддел во кој заинтересираните директно се вклучуваат во автомобилскат индустрија и сè што им е потребно имаат на дланка, имаат сè во школско фабричкиот двор. Тоа школо на Шкода постои точно 90 години.