ŠKODA МАКЕДОНИЈА – ОСВЕЖЕНИОТ SUPERB Е ВЕЌЕ ВО САЛОНОТ НА ŠKODA

11/09/2019

Нов дизајн и нова технологија за Škoda Superb, три и пол години по лансирањето на третата генерација, знаменосецот на чешкиот бренд е сеопфатно модернизиран. Уште повеќе, врвниот модел на Škoda за првпат е достапен како Superb Scout, а до крајот на годината ќе биде воведен и хибриден Superb iV. Технолошкиот напредок, како што се LED предните светла со матрица и уште поширок спектар на иновативни системи за помош, го прават Škoda Superb еден од најбезбедните и најудобните автомобили во својот сегмент.

Во однос на просторноста, тој претставува репер за автомобилите во класата. Škoda дополнително го подобри Superb и Superb Combi, ажурирајќи го својот предводник со нови технологии и уште пософистициран ентериер. Во пролетта 2019 година, третата генерација Superb, која беше воведена во 2015 година, ја надмина бројката на произведени 500.000 единици. Superb Combi учествува со околу 54% од моделот Superb продадени во Европа. Škoda Superb постигнува значаен успех во класата, уживајќи во широка база на клиенти благодарение на многуте паметни решенија и придобивки кои ги нуди моделот.

Она што семејствата најмногу го сакаат кај Škoda Superb е неговата просторност, разноврсност и исклучителна вредност за парите. Новиот Superb Scout допира до клиентите фокусирани на мултифункционалност и модерен начин на живот, а во исто време привлекува и нови групи купувачи. LED Matrix светлата за првпат се достапни во понудата кај Superb.

Опционалните LED задни светла сега вклучуваат и динамични индикатори. Новите системи за помош, како што се Адаптивниот Темпомат и системот за Странична Помош – која работи на оддалеченост од 70 метри – го зголемуваат високото ниво на безбедност на семејството Superb уште повеќе. Помошта при итни случаеви, системот за следење на коловозна лента и „Front Assist“ системот за итно сопирање со предвидлива заштита на пешаците, исто така, се нови технологии во понудата. Следејќи ги стапките на оригиналниот Superb, кој беше произведен помеѓу 1934 и 1949 година, ерата на современиот Superb започна во 2001 година и продолжи до 2008 година со својата втора генерација.

Третата генерација го имаше своето деби во 2015 година; Škoda достигна до продажба на еден милион возила Superb, произведени ширум светот, во април 2017 год. •

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.