SKODA EPIQ-ШКОДА ЕВТИН „СУВ“

02/04/2024

Некој од некого позајмува стратегија, потоа ќе ја прилагодува за свои потреби и на крај сето тоа ќе го употреби за остварување на својата цел. Дачија од таканаречен аутсајдер стана една од најпродаваните марки на континентов. Останатите се најдоа во небрано и сѐ уште се мислат што да прават. Цените им се високи, а тоа предизвикува спора продажба.

Прв производител кој се сети да ја примени истата тактика е Шкода. Концептот „епик“ покажува дека чешкиот производител на автомобили забрзано се подготвува концептот „епик“ да го пушти во сериско производство. Кога ќе се случи тоа сѐ уште не се знае, нема никакви најави, но позната е должината на „шкода епик концепт“, 4,10 м и оддел за товар со зафатнина од дури 490 л. Погон електричен, а можеби ќе биде и хибриден, но каков и да е, официјално од Шкода најавуваат цена од 25.000 евра.

До пред неколку години со горе наведената сума можевте да купите три (3) „фиат панди“ (основен модел), а сега сите производители ја „вртат“ таа сума од 25.000 како издржана. Да оставиме да видиме што ќе се случи, дали серискиот модел достојно ќе парира на соодветниот модел од Дачија и дали уште некој производител ќе се приклучи на оваа тактика со („прифатлива“) цена од 25.000 евра или ќе понуди уште пониска.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.