На патиштата има многу нови видови автомобили, а со нив доаѓа и нова терминологија, приспособена на технолошкиот напредок.
Новите времиња носат нови обичаи, а тоа се кратенки што одат заедно со денешните автомобили или постапки за мерење на потрошувачката на гориво. Погледнете што навистина се крие зад нив.
AFVs Alternative Fuel Vehicles – Возила што не работат со бензински или со дизел-мотори.
BEV Battery Electric Vehicle – Електрично возило.
EV Electric Vehicle – Сите електрични возила (вклучително и возила со водородни ќелии).
HEV Hybrid Electric Vehicle – Хибридно возило или комбинација на електричен и бензински или дизел-мотор.
ICE Internal Combustion Engine – Автомобили со мотори со внатрешно согорување.
MHEV Mild Hybrid Electric Vehicle – Возило со мотор со внатрешно согорување и благ хибриден систем, односно електричен генератор. Овие возила, за разлика од HEV, не можат да возат само со електричен погон во кое било време.
NEDC New European Drive Cycle – Тест за утврдување на емисии и потрошувачка на гориво.
PEV Plug-in Electric Vehicle – BEV и PHEV заедно.
PHEV Plug-in Hybrid Electric Vehicle – Хибридно возило во кое батеријата може да се полни со надворешен приклучок. Овие возила генерално имаат опсег од околу 50 км само на електрична енергија.
REX Range Extender – Кога батеријата на електричен автомобил е испразнета, некои возила, како постарата генерација BMW i3, исто така, имаат мал бензински мотор што се активира и го стартува електричниот мотор. Тоа е таканаречен продолжувач на опсег или, најпросто, проширувач на опсег.
WLTP Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure – Нов систем за мерење на гориво и емисии што го менува NEDC.
Фросина Ангеловска Ивановиќ