ШПАГЕТИ КАРБОНАРА

24/10/2019

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 гр. шпагети
80 гр. сланина
3 гр. лук
20 гр. пармезан
1 жолчка од јајце
малку бело вино
сол
бибер
маслинов зејтин

 

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најпрвин ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата. Сланината ситно исецкајте ја и пржете ја на маслиново масло сè додека не стане крцкава.

Додадете ги лукот, сол и бибер по вкус (деглазирајте со бело вино) и претходно сварените шпагети. Тавата се трга од оган и во неа се додаваат изматената жолчка и пармезанот. На крај, сè заедно се меша и се сервира.

Уживајте во одличниот вкус.

ДОБАР АПЕТИТ!

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ