ШПАГЕТИ КАРБОНАРА

03/12/2021

Состојки

• 100 гр. шпагети
• 80 гр. сланина
• 3 гр. лук
• 20 гр. пармезан
• 1 жолчка од јајце
• Малку бело вино
• Сол
• Бибер
• Маслинов зејтин

 

 

Подготовка:

Најпрвин ставете ги шпагетите да се варат во доволно количество солена вода. Кога ќе бидат готови, тргнете ги настрана и исцедете ја водата. Сланината ситно исецкајте ја и пржете ја на маслиново масло сè додека не стане крцкава. Додадете ги лукот, сол и бибер по вкус (деглазирајте со бело вино) и претходно сварените шпагети. Тавата се трга од оган и во неа се додаваат изматената жолчка и пармезанот. На крај, сè заедно се меша и се сервира. Уживајте во одличниот вкус.

 

ДОБАР АПЕТИТ!

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ