Ништо не може да го спречи Маранело, а уште помалку некој вирус. Надалеку познатата супер работилница во овие непредвидливи времиња произведува и машини за дишење да помогне го глобалниов хас, но никако не се откажува од претходно зацртаните планови.
Најновото од Ферари е „скудерија ферари 90 спајдер“. Кога се појави берлинетата, малку го критикуваа поради нетипичните линии, поради задните светла кои многу потсетуваат на оние од американската конкуренција – всушност велеа сите линии потсетуваат на „корветата“.
Ова е хибриден модел и засега единствениот. Ферариевата класика V8 со зафатнина од 4,0 литри со помош на турбо компресор развива фасцинантни 780 КС при 6.000 врт/мин и врвен вртежен момент од 800 Нм. И тоа не е сè со силината. Сега на сцена стапува и електричниот погон со своите 220 КС. Ако хипер купето се движи само на електричен погон ќе измине најмногу 25 километри. „Ферари сф 90 спајдер“ поседува вкупно 1000 КС. Сувата тежина на автомобилот изнесува 1.670 килограми односно на една коњска сила по 1,67 килограми, што е еднакво на супер сооднос. Двете седишта и централно сместениот заедно со тркалата и електричниот погон се сместени во следниве димензии: должина 4.704 мм х ширина 1.973 мм х висина 1.191 мм и 2.649 мм меѓуоскино растојание.
Кога разговараме за Ферари покрај другите нешта, најбитни ни се забрзувањата, крајната брзина и сличните особини на нив. Од 0 до 100 км/ч потребни му се само 2,5 секунди, а од 0 до 200 км/ч 7,0 секунди. Сказалката од дигиталниот брзиномер застанува на бројката од 340 км/ч. Кога овој друмски болид сопира од 100 км/ч до 0 км/ч изминува помалку од 29,5 метри.
Сето ова е без покрив над главата, односно по желба на возачот покривниот дел се „губи“ некаде зад седиштата со што се создаваат услови да уживате на сонцето некаде во топлите краишта каде нема зима и магла, поточно магла со сè и сешто создадена од човековото „невнимание“.