СОНОТ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО МАЛ СЕМЕЕН БИЗНИС МОЖЕ ДА СТАНЕ РЕАЛНОСТ. МАЖИТЕ, КАКО СТОЛБ НА СЕМЕЈСТВОТО, СПОРЕД ТРАДИЦИЈАТА, СЕ ТИЕ ШТО БЕЗ КОЛЕБАЊЕ ОВАА ГОДИНА МОЖАТ ДА СЕ ОДЛУЧАТ НА ВАКОВ ЧЕКОР УШТЕ НА САМИОТ ПОЧЕТОК НА НОВАТА ГОДИНА.
Почетокот на новата година се врзува со нов почеток во животот, со нов почеток во бизнисот, со нови оптимистички верувања за тоа дека новиот почеток овозможува нов успех.
Од денешен агол, кога ќе споменеме бизнисмен, првата слика што ни доаѓа пред очи, како физичка појава, е среден, стокмен, млад, секако, со неизбежен привлечен костум, врвца за кошула и акт-чанта. Но, шегата настрана, сепак, овој маж – новиот бизнисмен мора да поседува и одредени атрибути што мора да ги имаат сите успешни бизнисмени. Тие треба да имаат контакт, интелигенција, храброст, визија, имагинација и способност за организирање. Ако сте лице што е во центарот на вниманието, ако имате смисла за време, прецизност и точност, бидејќи тие се од суштинско значење за успешен бизнис, добро сте балансирани и имате конзистентен пристап, пријателски сте настроени кон вработените и клиентите, исполнети сте со општествен интерес, покажувате дека токму вие сте подготвени за основање нов семеен бизнис.
Покрај тоа, исто така, постојат одредени особини или карактеристики дека повеќето бизнисмени поседуваат иницијатива и капацитет да донесат итна одлука. Во светот на бизнисот сите промени се одвиваат со брзо темпо. Брзите одлуки ќе треба да бидат ваш начин на водење на бизнисот, комуникацијата и умешноста за преговарање во текот на самиот бизнис, одредувањето, храброста и истрајноста. Мора да имате силна моќ, волја и решеност во водењето на семејниот бизнис, како и храброст да го заштитите бизнисот на компанијата во непредвидени околности. Интелигенцијата што ја поседувате искористете ја максимално во однос на сите можности што ви ги нуди бизнисот. Како идеален лидер треба да бидете и модел за другите бидејќи денешниот бизнис бара лојалност и соработка со сите вработени.
Ако барем еден дел од вас што го прочитале овој текст пронајдете некоја од претходно наведените карактеристики, нашата новогодшна желба за 2021 година ќе биде сите вие, кои сонувате да успеете, да основате семеен бизнис, да верувате во себе и да не се откажувате на првата препрека на која ќе наидете, да бидете упорни и издржливи бидејќи патот до успехот е тежок, но кога ќе дојдете до него, кога ќе ги вкусите вкусот на успехот и моќта на зборот бизнисмен, дури тогаш ќе знаете дека навистина сте успеале. Сега сте подготвени за нов предизвик во бизнисот, подготвени за нови успеси.
Семејниот бизнис, сам по себе, претставува интересна, но наедно и компактна област. Во светот веќе одамна малите семејни бизниси се претворија во големи семејни компании од кои зависат пазарот, берзата и целокупниот индустриски и трговски развој. Секоја промена на бизнисот во која било компанија, па дури и семејните компании можат да донесат вистински турбуленции во нивниот развој. Сега водечките компании лесно и за миг можат својот успех да го претворат во голем крах.
Кај нас, во Република Северна Македонија, долго време немаше семејни бизниси. Тоа, пред сè, се должи на долгото владеење на комунистичкиот режим во кој беа забранети. Со осамостојувањето на нашата земја државните фирми почнаа да се приватизираат, проследени со помали или поголеми афери.
Денес сè повеќе тежнеат да постигнат голем, дури и светски успех, па во некое идно време можеби ќе се случи тоа, но, секако, ќе биде потребно првенствено да се надмине емоционалноста во водењето на семејните бизниси. Се разбира, не можат да се занемарат многу наши домашни семејни бизниси што, исто така, почнале со малку вработени, а денес се водечки компании во земјата. Нивниот успех несомнено се должи на сè поголемото образование и едуцирање на младите, веќе и во состав на самите бизниси, во различен облик како тренинзи, обуки, семинари итн.
Семејните бизниси од своето основање, развојот, па сè до опстојувањето, претрпуваат повеќе форми на промени, предизвикани од претходно наведеното или, пак, од некои интерни, меѓучовечки односи во самата компанија. Само по себе, семеен бизнис укажува дека овој бизнис е основан барем од два члена во семејството, кои мора да изберат лидер, менаџмент, кадар и други вработени. Со самото основање сето ова изгледа лесно, но дури подоцна доаѓаат конфликтните ситуации, предизвикани од една или од друга страна, од една или од друга причина. Поради тоа, како непишано правило е тоа дека повеќето семејни бизниси или пропаѓаат или се продаваат и успеваат, но не како семејни бизниси. Имајќи предвид дека кај нас оваа област не е многу истражувана, особено што сè повеќе предизвикува интерес, несомнено може да се каже дека допрва ќе се доаѓа до нови, попрецизни и поопширни резултати.