SEAT IBIZA&SEAT ARONA-СЕАТ ГО ОБНОВУВА СЕГМЕНТОТ „Б“

19/04/2021

Сеатовите модели „ибица“ и „арона“ наскоро ќе ги видиме обновeни, поточно на 15 април. Овој сегмент е многу важен за марката бидејќи, ако не „ароната“ тогаш сигурно „ибицата“ е најпродаваниот модел во семејството Сеат. Кога пред околу една деценија се појави концептот „ибе“, оттогаш како да мрднаа работите со дизајнот. Пред концептот имаше една дизајн приказна, а по претставување на концептот ибе во Женева 2010 година, приказната доби сосема друг тек. Тука нештата се прекршија на подобро и денес имаме еден сосема солиден дизајн кај сите модели. Иако тој концепт изврши големо влијание во дизајнот на Сеат, а тоа се приметува во неговите денешни модели, сепак голема штета е што остана само концепт. Таков агресивен дизајн преточен во комбилимузина требаше да влезе во сериско производство и да ѝ покаже „заби“ на конкуренцијата. Обновувањето на „ибицата“ и „ароната“ нема да бидат далеку од дизајнот на концептот „ибе“, но секој со сопствен белег за да имаат „свое јас“.

Погонските единици ќе претрпат една измена(!?), односно можно е да отсуствува 1,6 литарскиот дизел, а во игра остануваат бензинските со турбо компресор 1,0 и 1,5 литарскиот. Повеќе нè интересира што ќе сторат дизајнерите со надворешниот облик, но и внатрешниот, отколку измените во погонските склопови.

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.