ШПАГЕТИ СО ВРГАЊ И СУВИ ДОМАТИ

28/05/2020

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– Шпагети-100гр.
– Сув домат-30гр.
– Вргањ печурки-50гр.
– Лук-едно чешне
– Маслиново масло-20мл.
– Магдонос-10гр.
– Сол и бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Најпрвин, шпагетите се варат 10-тина минути. Во исто време, на тава се додава маслиново масло, се загрева, се додава вргањот, се пропржува, се додава лукчето, се запржува накратко да пушти малку вкус, и на крај се додаваат сувите домати. Сувите домати кратко се пропржуваат, се додава водата во која се вареа шпагетите, се крчка кратко, па се додаваат веќе сварените шпагети. Се зачинува, се додава магдоносот и сето тоа се крчка уште некоја минута за да се сврзе сосот и потоа се сервираат.

БОН АПЕТИТ!

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ