Рива 90 арго-НАЈУДОБНО ПЛОВИЛО ВО КЛАСАTA

02/10/2024

АКО НЕ ВИ СЕ ДОПАЃААТ ДОСАДНИТЕ ПЛОВЕЊА СО ДЕНОВИ, НАЈДОБРО Е ДА ОДИТЕ НА ИЗЛЕТИ ОД ОСТРОВ ДО ОСТРОВ, ТАА ЖИВОПИСНОСТ МОЖЕТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ НА ПРИМЕР НА ЈАДРАНСКОТО МОРЕ, А ИЗБОРОТ НА ПЛОВИЛОТО НЕКА БИДЕ „РИВА 90 АРГО“

 

АМСМ Клуб Мобилити неколкупати им посвети внимание на пловилата. На пример, Ве информиравме за пловилото со погонска единица на дизел, која е во сопственост на Даихатсу, а која испушта најмалку јаглерод диоксид од сите автомобили на планетава. За жал, овој мотор од Даихатсу го снема, иако беше претставен на Салонот за автомобили во Франкфурт и вграден во моделот „сирион 2 цд“.

Во овој број на АМСМ Клуб Мобилити ќе го претставиме пловилото „рива 90 арго“. Ова пловило овозможува задоволство при пловењето со својот раскош, но и рационално искористен простор, врвна ергономија и платформа од 46 м2. „Рива 90 арго“ со должина од 24 до 30 метри, е најдобро пловило во својата класа, во која има 5.854 пловила во светот. Располага со речиси најмногу простор од сите други пловила, има крстосувачка брзина поголема од просечната за 2,79 јазли (1.852 х 2,79 = 5,51 км/ч), но и крајна брзина поголема од просечната за 3,49 јазли (6,5 км/ч). Погонската единица е составена од два дизел-мотора V12 со вкупна силина од 3.896 коњи (1.948 КС секој). Со нив јахтата минува 600 км, а потоа е потребно резервоарите да се наполнат со гориво. Крстосувачката брзина е еднаква на 41 км/ч, а крајната 48,2 км/ч. Пловилото има уред за стабилно пловење, така што јахтата мирно плови и покрај брановите. „Рива 90 арго“ е тешка 100.000 кг. Ако на големиот мајстор од Формула 1 Колин Чеплем му се постави прашање во врска со тежината на јахтата, ќе одговори: „Ако имаш тежок болид ќе бидеш брз и стабилен на правците, но ако имаш лесен болид со добра аеродинамика, ќе бидеш брз и на правците и во свијоците.“. Би додале дека ќе се намали и потрошувачката на гориво. Затоа е пожелно јахтата да биде полесна.

Во внатрешноста на јахтата дизајнерите направиле четири салони, седум кабини за патниците и две кабини за персоналот. Сите кабини имаат санитарни јазли и два кај салоните. Пловилото може да прими 20 гости плус капетанот на пловилото, првиот офицер и петмина помошници.

Внатрешноста на „рива 90 арго“ е исклучителна. Италијанската дизајнерска група не се грижела само за луксузот што е додаден откако сè друго е приспособено да му служи на човекот. Тоа значи дека егономијата била пред сè, а потоа следувал изборот на квалитетни материјали. Сето ова вреди осум милиони долари.

За подетални информации за купувањето на „рива 90 арго“, обратете се кај производителот Рива, кој прави и поправа пловила уште од 1842 година, а тоа доволно кажува за каков градител станува збор. Денес производителот Рива е во сопственост на групацијата Ферети.

 

Жарко Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ