REZVANI KNIGHT-РИЗВАНОВИОТ ВИТЕЗ

15/05/2025

Некаде таму во сончевата Калифорнија, една работилница неуморно работи според зацртаниот план. Деновиве оттаму излезе сув возило со необичен дизајн, ист како тој од концептите. Штета што ваквите возила со исклучително посебен облик се многу ретки. За оваа ексклузивност се погрижи Резвани Моторс. Новото возило од истоимената работилница носи име „витез“ (најт). „Резвани најт“ е возило конструирано на основа од „ламборџини урус“. Ова е за првпат Резвани Моторс да направи возило на основа од европско возило. Досега ги користеше исклучиво американските основи од: „„рам 1500“, „кадилак ескалејд“  „џип вранглер“.

Преработениот „ламборџини урус“ на барање од купувачот може да биде со четири или пет седишта. Внатрешноста изобилува со квалитетни материјали како на пример, кожата од типот напа, а тука е и неизбежната алкантара заедно со неколкуте детали изработени од дрво. Многу нешта можат да се нарачаат во спомнатата работилница, а маестро Ферис Резвани со својот тим внимателно ќе ве ислушаат и потоа вашите желби ќе ги претворат во стварност. Следниот детаљ е пакетот на опрема наречен „дарк најт“, која во превод значи блиндирање на возилото – непробојни стакла, а под големите метални површини од школката поставени се непробојни панели. Сета оваа заштита не штити само од куршуми, туку и од експлозивни направи. Ако некој неповикан сака да влезе во возилото, кога ќе допре некоја од кваките ќе добие струен удар. Исто така, за заштита од неканети гости возилото испушта посебна прашина која предизвикува кивање, кашлање и солзење на очите. Сета оваа опрема придонесува за зголемување на тежината. Затоа возилото  е дополнително доработено со зајакнувања на посебни места за да може да одговори на зголемената тежина и сите екстремни ситуации. Дури и подвозјето е наново доработувано во блиндираната изведба. Како што потврдуваат од работилницата, за основниот „ризвани најт“ ќе треба да платите 150.000 долари, а за блиндираниот двојно повеќе, значи околу 300.000.

 

Во „ризвани најт“ го задвижува V8 мотор со двоен турбо полнач. Тој мотор поседува 800 коњи, доволни возилото да постигне 100 км/ч за само 3,0 секунди тргнувајќи од место. И толку од податоците за „резвани најт“. Производителот не кажува повеќе за новиот модел, најверојатно останатите технички податоци ќе бидат објавени при почетокот на продажбата. Според првичните најави од работилницата, ќе бидат произведени само 100 примероци од „резвани најт“.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.