„РЕЗЕРВА“ ПРИНЦ ХАРИ-PORTUGUESA“ CARMINHO-PORTUGUESA“ CARMINHO

06/06/2023

 

ЧИТАЈ СЛУШАЈ ГЛЕДАЈ
 

„РЕЗЕРВА“
ПРИНЦ ХАРИ

PORTUGUESA“
CARMINHO
„AIR“
(ЕР)
Според Гинисовата книга на рекорди, „Резерва“ на денот на нејзиното излегување во печат станала најбрзо продаваната книга од областа на нефикцијата на сите времиња. Книгата е бестселер на „Њујорк тајмс“ и доби генерално позитивни оценки од книжевните критичари. Тие ја пофалија отвореноста на Хари. Досега е преведена на повеќе од 15 јазици, меѓу кои и на маке- донски. Во книгата, принцот Хари открива детали од неговото детство и длабокиот ефект од смртта на неговата мајка Дијана, принцезата од Велс, од неговите проблематични тинејџерски години и последователното распоредување во Авганистан со британската армија. Пишува за односот со неговиот брат, принцот Вилијам и со неговиот татко, кралот Чарлс Трети, како и за бракот на татко му со Камила Паркер Боулс, но и за неговото додворување и бракот со американската актерка Меган Маркл, сè до повлекувањето на двојката од нивните кралски улоги. Во „Резерва“, Хари за првпат ја раскажува неговата приказна со сурова и непоколеблива искреност. Оваа исклучителна книга ни дава увид во откровенијата, самоиспитувањето и тешко стекнатата мудрост за вечната моќ на љубовта над тагата. 38-годишната Maria do Carmo Carvalho Rebelo de Andrade, позната како Carminho, важи за една од најпознатите фадо-пејачки во Португалија (одвреме-навреме изведува и џез-музика), заедно со Mariza (првата дама на фадото), која во 2009-та, кога се појави на сцената со албумот Fado, ги воодушеви музичките критичари со зрелоста на нејзиниот глас и покрај тоа што беше доста млада, имаше само 25 години. Суштината на фадото е меланхолијата, односно тажното расположение и секако, резигнацијата – препуштањето, предавањето на судбината. Во март го промовираше својот шести студиски албум со едноставен наслов Portuguesa (се мисли на нешто типично португалско), која самата го продуцираше. На него има 14 песни, а некои од нив се нејзини, комплетно авторски. Другите се изворни. Рецензентите во голема мера укажуваат на воведната „O quarto“ (fado Pagem) како врвна, не потценувајќи ги останатите чија изведба сигурно ќе ве наежи: „As flores“ (fado Flores), „As fontes“ (fado Sophia), „Praias desertas, „Marcha de Alcântara de 1969“, „Fado é amor“, „Palma“, „Simplesmente ser“, „É preciso saber porque se é triste“ (fado Soneto), „Sentas-te a meu lado“, „Ficar“, „Pedra solta“, „Levo o meu barco no mar“ и „Meu amor marinheiro“. Може да се купи онлајн, како цеде и винил. Американската драма чија светска пре- миера се одржа на 18 март, додека во кината почна да се прикажува на 5 април, веќе ги освои критичарите со режијата на Ben Affleck, сценариото на Alex Convery и секако, актерската екипа што ја предводи Matt Damon. Главниот актер и режисерот, кој исто така глуми во филмот, едновреме- но се и продуценти кои заедно ја основаа продуцентската куќа Artists Equity. Драмата е биографска, од светот на спортот. Имено, филмот се темели на вистинити настани врзани со потеклото на „Ер Џордан“, ко- шаркарската линија патики од марката „Најк“ и перипетиите на вработениот во му- лтинационалната корпорација за време на неговите обиди да потпише договор за со- работка со новиот играч, почетникот Мајкл Џордан. Дејството се одвива во 1984-та, кога „Најк“ се соочуваше со големо паѓање на продажбата на спортските обувки, па изнаоѓаше начини за нејзино зголемување, меѓу нив и соработката со 21-годишниот кошаркар.

Жанр: драма (биографија) Актери: Matt Damon, Ben Affleck, Jason Bateman, Marlon Wayans, Chris Messina, Chris Tucker, Viola Davis Режија: Ben Affleck

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ