RENAULT HIPPIE CAVIAR-ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА ДОЛГИТЕ ПАТУВАЊА

13/09/2022

Малку поинаков вид туризам нуди Рено. Не дека тоа е нешто ново, но производителите или нудат прескапи возила претворени во патувачки мини станови или не нудат ништо. Сега се прашуваме зошто производителите прават „куќа возила“  за патување по астрономски цени? Зарем сето тоа не може да биде „завиткано“ во практичен и употреблив пакет без луксузирања? 50.000, 60.000, 80.000 и повеќе илјади долари, франци, евра итн. за возило кое е патувачка куќа сепак се премногу.

Што нуди Рено? Првите официјално обелоденети фотографии и податоци велат дека тоа е „рено кангу“, електрично, пренаменето за одење на одмор и крстосување буквално каде ќе замислите, а е наречено „рено хипи кавијар модел“. Во кусиот опис Рено не наведува каква е внатрешноста, а уште помалку колку би чинело едно такво возило, затоа што е концепт и затоа што сѐ уште не се знае дали ќе мине во сериско производство.

 

Со едно полнење на батеријата концептот изминува 285 км, слично како серискиот електричен „кангу“ (л 2 е – тек електрик). Со дополнување на батеријата од 30 минути, ќе можете да изминете дополнителни 170 км, односно вкупно 455 км. Панорамски покрив, држачи за скии, расклоплив лежај за едно лице, дел од внатрешноста е изработена од стара отпадна плута и гума, плус возилото е електрично.

Возило со зелена лиценца за движење насекаде во природа, тоа е второто име на концептот „рено хипи кавијар модел“. Реноовиот концепт кампер ќе биде за првпат прикажан во Хановер на 19 овој месец на саемот за стопански возила.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.