RENAULT 5 E-TEACH-ЛЕГЕНДАРНИОТ „РЕНО 5“ ПОД СВЕТЛАТА НА ЖЕНЕВА

13/03/2024

На годинашниот Салон за автомобили во Женева, Рено беше еден од деветте изложувачи на автомобили. Да добро прочитавте, само девет. Таму Рено официјално ја претстави новата генерација од легендарниот модел „5“. Никогаш непрежалената „петка“ беше исфрлена од производство и на нејзино место дојде „клиото“. Сепак денешницата носи други ветришта и токму тие му одеа во прилог на моделот „5“. Да згаснеш еден легендарен автомобил, воопшто не е добро – тогашните челници од Рено направиле грешка, но во денешно време ја поправаат со повторното внесување на „петката“ во производство.

Сега е време на електричните автомобили, барем така велат, а Рено се потруди на новата „петка“ да и даде ретро дизајн со електрична нота (погонска единица). Одличен потег на Рено, а за потегот да биде целосен, треба да ја вратат и четворката. Малку современ дизајн да се вткае во тој поранешниот и ете го „рено 4“ подготвен за светска премиера.

Да, само електричен погон, ото и дизел моторите се минато за овој модел кој сега е долг 3.92 м и багажен простор од скромни 325,7 л. Трите електрични мотори кои ќе се вградуваат располагаат со силина од 95, 122 и 150 коњи во комбинација со две батерии помала 40 kW и поголема 52 kWh. Вкупната тежина на возилото со малата батерија е 1.350, додека со поголемата 1.450 кг. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч е околу 8,0 секунди, во зависност од силината на електромоторот, а крајната брзина е ограничена на 150 км/ч. Со едно полнење на батеријата петката може да измине просечни 400 км. Официјално цената во моментов е непозната, но се „шпекулира“ со бројката 25.000 (искажана во евра).

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.