На 4 октомври, Рено ги објави првите скриени фотографии од легендарната „четворка“ која треба првично да биде претставена пред светот на 17 и 18 овој месец на Салонот за автомобили во Париз.
На фотографиите најверојатно е претставена некоја супер теренска изведба со погон на сите тркала, додека останатите изведби можеби ќе следат со тек на време, ќе бидат претставувани една по друга со временска разлика од најмногу шест месеци. Тоа е тоа маркетиншко прикривање на секоја изведба светот да пишува за секоја одделно.
Од 1961 до 1992 година беа произведени осум милиони примероци од легендарната популарно наречена „р 4“. Наскоро по точно 30 години одмор, „рено 4“ повторно ќе го види светлото на денот, овој пат во ново издание.
Фотографираното возило е целосно електрично и засега е само концепт. Се надеваме дека за време на првичното претставување ќе бидат обелоденети плановите на Рено за сериската иднина на концептот.
Жарко Атанасоски