РАЗУБАВУВАЊЕ НА „ЧЕТВОРКАТА“

13/02/2024

Некогаш БМВ во своето јато ја имаше серијата „3 купе“ и „3 кабрио“ или популарно наречена „тројка“, но денес нештата се поинакви. Воведоа нова серија, таканаречена „4“ замена за „3 купе“ и „3 кабрио“, изведби од класичната „тројка“, лимузината.

Токму таа „четворка“ во март ќе биде за првпат претставена пред светската јавност, но овој пат не во Женева. БМВ одлучи да отсуствува од годинашнава изложба, а истото ќе го сторат 80 отсто од производителите на автомобили. Верувале или не, годинава во Женева ќе бидат присутни само осум (8) изложувачи. Затоа БМВ ќе приреди самостојно првично светско претставување на обновената „четворка“ и како купе и како кабриолет изведба. Измените се ситни, но ги има, од предните светла заедно со одбојникот, преку страничните линии, и се така до задните стоп светла, нов дизајн за тркалата, неколку измени во внатрешноста… Мало освежување никому не смета, но денешната генерација со зелени идеи ќе се изненади кога ќе види дека дизелот сѐ уште е тука.

Купето ги носи следниве ознаки, а заедно со нив и соодветните мотори: купе „420 и“, „430 и икс драјв“, „м 440 и икс драјв“, „420 д“, „430 д икс драјв“ и „м 440 д икс драјв“, а за кабриолетот се наменети следниве ознаки односно мотори, „420 и“, “430 и икс драјв“, “м 440 и икс драјв“, „420 д“, „430 д“ и „440 д икс драјв“. И сега се разбира, секој пакет опрема си има свои посебности, како на пример „м карбон екстериор пекиџ“ кој го прави изгледот на автомобилот да биде поагресивен. Цената на обновената „четворка“ ќе се движи во распон од 50.000 до 61.000 евра. За поцелосни информации за цените, за посебностите, за пакетите со опрема, обратете се кај увозникот.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.