PROTON S70-НОВ МОДЕЛ ОД ПРОТОН

17/11/2023

Протон, малезискиот производител на автомобили некогаш беше присутен и во државава. Тоа беше пред околу три децении, но оттогаш наваму Протон го снема од македонскиот автомобилски пазар. Состојбите во компанијата не беа во најдобар ред и некаде на крајот од минатиот век доаѓа до смена на сопствеништвото. Интересно е тоа што надалеку познатиот Лотис на некој начин беше во сопственост на Протон (преку компанијата ДРБ – Хикон). Денес Протон е во сопственост на претходно спомнатиот конзорциум и кинескиот автомобилски гигант Гили кој поседува 49,9% од акциите. И сега погодувате, автомобилите Протон ги користат основите (шасиите,платформите) од Гили.

На почетокот од ноември Протон ја претстави лимузината наречена „с 70“ која во себе има 1,5 литарски бензински турбо мотор и менувачка кутија со двојна спојка. Класичната лимузина ги има следниве димензии: 4.638 х 1.822 х 1.460 (должина х ширина х висина). Автомобилот располага со сите електронски уреди, што се присутни и во лимузини од целиот свет. Протон ги продава своите автомобили низ целиот свет, но на континентов ни трага ни глас во денешно време.

Некогаш беше присутен во Италија, Британија, но денес главно се продава на Далечниот Исток и околината. Чисто информативен текст затоа што Протон некогаш беше дел од македонскиот автомобилски пазар и изложбениот салон во приземниот дел т.ц. во Капиштец, познат како Беверли.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.