ЧИТАЈ | СЛУШАЈ | ГЛЕДАЈ |
„ПРОДУКТИВНИ И СРЕЌНИ“ АЛИ АБДАЛ |
„7“ NELLY FURTADO |
„HORIZON: AN AMERICAN SAGA“ (ХОРИЗОНТ: АМЕРИКАНСКА САГА) |
Кажано ни е дека за да постигнеме повеќе, мораме да работиме подолго, да се сосредоточиме посилно и да се жртвуваме повеќе. Но, тоа е лага! Затоа што тајната на вистинската продуктивност не е во исцрпувачката работа. Таа е во радоста! Во оваа револуционерна книга, Али Абдал, доктор образуван на Кембриџ и најследен експерт за продуктивност во светот, нуди научно докажан начин да се постигне повеќе со пронаоѓање на радикално задоволство во сè што правите. Тој почнува со претставување на трите „енергенти“ што работата ја прават продуктивен, наместо исцрпувачки процес моќ, игра и луѓе. Потоа тој навлегува во најсовремената наука што открива како практично да ги интегрирате овие сили во вашата секојдневна рутина така што секој ден ќе го завршувате чувствувајќи се поткрепени наместо исцрпени. Резултатот е револуционерен начин да се направи повеќе без стрес, нервоза или прегорување. Ова е првата книга за продуктивност што стоотстотно гарантира дека нема да ви го уништи животот. По објавувањето, книгата стана инстант бестселер на „Њујорк тајмс“. Според критичарите и повеќе автори на мотивациски книги, „Продуктивни и среќни“ е „книгата што сите ја чекавме, ќе ве води да постигнете повеќе отколку што некогаш сте сонувале“. | По пауза од неколку години, канадската кантавторка Нели Фуртадо на 20 септември го промовираше својот 7-ми студиски албум, кој го сними во соработка со Nelstar и 21 Entertainment Group. Не случајно е насловен „7“, поради неговиот реден број и враќањето на сцената по толку години. Последен ù беше „The Ride“, издаден во 2017-та. Неодамна изјави дека во изминатите 4 години напишала меѓу 400 и 500 песни, радувајќи се на можноста да ù даде нешто ново на својата публика. Албумот го најави на 22 мај, претставувајќи го синглот „Love Bites“ со Tove Lo и Samuel George Lewis, а подоцна (12 јули) го промовираше и вториот сингл – „Corazó“ со колумбискиот бенд „Bomba Estéreo“. Меѓу другите, соработува и со пејачката Charlotte Day Wilson, вклучувајќи ги и продуценти- те WondaGurl и T-Minus. За 14-те песни на албумот вели дека волшебно се издвоиле од останатите 100-тина, кои биле во конкуренција. Навидум се слични, но сепак многу различни споредувајќи ги со школките. Албумот го нарекува „четири години уметничко откритие“. Насловите на другите 12 се „Showstopper“, „Better for Worse“, „Honesty“, „Floodgate“, „Crown“, „All Comes Back“, „Save Your Breath“, „Ready for Myself“, „Fantasy“, „Better Than Ever“, „Take Me Down“ и „Untitled“ | Затворањето на годинашниот 81. Венециски филмски фестивал беше во знакот на премиерата на второто поглавје од „Horizon: An American Saga“. Утрото на 7 септември се прикажа и првиот дел чија праизведба се одржа во рамките на 77. Кански филмски фестивал. Имено, се работи за епика, вестерн-филм во четири поглавја на Кевин Костнер. 69-годишниот Американец се потпишува како режисер, продуцент и косценарист, а е носител и на главната улога, играјќи го ликот на Hayes Ellison. Фиктивни се и останатите, буквално сите, и покрај тоа што изворот на вдахновението е непобитната вистина, преданието за Граѓанската војна во Америка, 12-те години пред и по неа. Во сите делови меѓу другото се отсликуваат и искуствата на Индијанците, староседелците на американскиот континент, за време на доселувањата. Идејата за филмот кај Кевин Костнер се родила уште во 1988-ма и се темели на неговото уверување за реалниот приказ на објективната стварност. Цели 36 години му беа потребни за да ја комплетира екипата. Првите две поглавја веќе се достапни и на интернет.
Жанр: епика, вестерн Актери: Kevin Costner, Sienna Miller, Sam Worthington, Giovanni Ribisi, Will Patton… Режија: Kevin Costner |