Претставуваме RIVIAN R1T И R1S-Способни теренци за зелени експедиции

05/11/2020

Одговорот го има релативно младата компанија Rivian од САД. Откако пред приближно две години објави дека подготвува SUV и пикап поставени на нова електрична платформа, Rivian го заскокотка светот. Веднаш почнаа да пристигнуваат инвестиции. Од Ford 500 милиони долари за платформа и за батерии што ќе ги користат и неговите електрични возила, 700 милиони долари од Amazon за продажба преку интернет, а потоа дојдоа и други инвестициски фондови што ја зголемија вкупната сума на инвестиции од 2,5 милијарди долари. Импресивно за една мала компанија. Секако, финансиите му помогнаа на младиот и иновативен тим на Rivian побрзо да го заврши развојот и да ги претстави своите модели на пазарот.

Така, денес ги гледаме пикапот R1T и големиот SUV R1S како пленат со својот статус, со перформансите на електричниот погон, со практичноста и опременоста, иновативноста и благородното уредување на внатрешноста.

ПЛАТФОРМА ПО ПРИМЕР НА СКЕЈТБОРД Основата на која се поставени R1T и R1S е платформа што личи на скејтборд или на класичните шасии и во која се спакувани батериите, моторите, суспензијата, погонските мостови и системот за ладење. Целиот состав личи на плоча што остава многу простор за комфорна кабина и место за одложување на опремата дури и кога се оди на подолги експедиции.

Распоредувањето на сите тешки компоненти во шасијата овозможува ниско тежиште што влијае врз стабилноста и агилноста на возилата. На ваквата конструкторска внимателност се додадени двојни водилки напред, мултилинк водење назад, адаптибилни амортизери, динамичка контрола при тркалање и воздушна суспензија преку која се регулира висината на возилото, а има можност да се приспособи според желбите на возачот за висок комфор или спортско водење на пат, или, пак, за висока артикулација при возење на терен.

БРЗИ НА ПАТ, СПОСОБНИ НА ТЕРЕН Покрај промислено скроената платформа инженерите внимателно играле и со погонската спрега. Погонот го сочинуваат четири електрични мотори и секој од нив придвижува по едно тркало независно еден од друг. Прецизната контрола врз вртежниот момент што го испорачуваат моторите кон секое тркало, вклучително и негова активна контрола, односно т.н. „active torque vectoring“, обезбедува максимални перформанси во секоја ситуација. Од совладување на свијоци со висока брзина на пат до ползење по карпи на терен. Со моќност од 147 kW по тркало или пресметана вкупна моќност од 562 kW и вртежен момент пренесен на подлога од 3.500 Nm по тркало или вкупно 14.000 Nm за целото возило R1T и R1S се способни за исклучителни перформанси, без оглед што станува збор за теренци. И двата модела од место ловат 60 mph, или 96 km/h за 3 секунди и 100 mph, или 160 km/h за помалку од 7 секунди.

Наедно, високата моќност и вртежниот момент им дозволуваат да влечат товар од 5.000 kg. Максималната брзина е ограничена на 125 mph или 200 km/h заради штедење на батериите. Способни теренци за зелени ОС В О ЈУ В А Њ Е Т О Н А Н Е П Р И С ТА ПеНИк ТЕРсЕНпИ ПОеВЕЌдЕ иции НЕ МОРА ДА БИДЕ ПОВРЗАНО СО СИЛЕН ТАТНЕЖ НА МОТОРОТ ПОД ГОЛЕМИ ВРТЕЖИ И МРСНА СОДРЖИНА ОД ИЗДУВНИТЕ ГАСОВИ ШТО ЈА ВОЗНЕМИРУВААТ И ЗАГАДУВААТ ПРИРОДАТА.

Активната контрола на вртежниот момент и масивната моќност овозможуваат лесно да се совладуваат и најтешките препреки. Таа ги заменува класичните форми на пренос како редуктор и заклучување на диференцијалот. Секое тркало, во зависност од контактот со подлогата, во одреден момент добива соодветна испорака на вртежен момент претворајќи ги R1T и R1S во способни ползачи по карпи. Воздушната суспензија го подигнува подвозјето за клиренс од сериозни 365 mm. Со агол на пристап од 34 степени, агол на напуштање од 30 степени, агол на прекршување од 26 степени за R1T и 29 степени за R1S, совладување на водена препрека длабока до еден метар и качување по угорнина од 45 степени, овие колоси претставуваат сериозни машини на терен.

НАЈМОЌНИ БАТЕРИИ ВО СЕГМЕНТОТ Пакетот батерии со кои располага Rivian има капацитет од 180 kWh, највисок во сегментот. Со едно полнење батериите дозволуваат автономија од над 400 милји или 640 km. Во моментов Rivian нуди и пакет батерии со капацитет од 135 kWh и автономија од над 300 милји или 480 km. Во план е и пакет со 105 kWh и повеќе од 230 милји или 370 km што ќе биде понуден подоцна. Батериите имаат систем за брзо полнење до 160 kW што е доволно за 30 минути да се достигне капацитет за повеќе од 200 милји или 320 km. Покрај приклучокот за брзо полнење, во кабината е поставен уште еден приклучок со брзина на полнење од 11 kW.

Адаптибилните алгоритми што ги учат навиките на возачот и стилот на возење формираат оптимизирана контрола на потрошувачката на енергија индивидуална за секој корисник. Така се продолжува векот на батериите и се зголемува автономијата влевајќи му доверба на возачот да вози подолго и подалеку без оглед на патот, теренот и временските услови.

ПРЕПОЗНАТЛИВИ КОЛОСИ Дизајнот нa Rivian оддалеку кажува дека станува збор за несекојдневни модели. Масивните пропорции, чистите линии и впечатливата оптика им овозможуваат на R1T и R1S да отскокнуваат од генералната слика за современ дизајн. Повеќе личат како да се од друга планета, посебно со предните LED-светилки во облик на стадион што ја пресекуваат хоризонталната светлечка лента што се протега по целата ширина на возилото. Оваа лента го краси и задниот дел, дури и кај пикапот, повторувајќи ги уникатноста и препознатливоста на Rivian. Долг 5.475 mm, широк 2.015 mm, висок 1.815 mm и со меѓуоскино растојание од 3.450 mm пикапот R1T изгледа како вистински колос. Ниту R1S не останува поназад. Долг е 5.040 mm, има иста ширина и висина и пократко меѓуоскино растојание од 3.075 mm. И двата модела ги красат висок клиренс и моќен став што заедно со специфичниот дизајн ги прават лесно препознатливи.

ХАРМОНИЈА НА ЧИСТИ ЛИНИИ Внатре владее хармонија на чисти линии и рамни површини преточени во премиум опкружување. За да бидат различни и во креирањето на внатрешноста во Rivian сè тргнале настрана од автомобилската индустрија и влечеле инспирација од дизајнот на современ мебел и на опрема за планинарење и кампување. Обилното користење на дрво придонесува за топло доживување на кабината што буквално поканува да се престојува во неа. Дрвото е искористено како структурен елемент врз кој почиваат огромниот централен дисплеј од 15,6 инчи и дисплејот од 12,3 инчи што ги заменува инструментите пред возачот. Уште еден екран од 6,8 инчи има и за патниците одзади. Остатокот од кабината е преслечен со различни материјали за кои инспирацијата е доби- ена од спортската облека и опрема, кои се издржливи и лесни за одржување, а сепак изгледаат благородно.

ПРАКТИЧНОСТА Е СИЛНА СТРАНА Лесно е кога нема мотор. Напред Rivian поставува багажник од 330 литри со целосно моторизирана хауба што го олеснува секојдневното користење. R1S има поделена врата одзади со стакло што се отвора нагоре и капак надолу што се користи и како клупа за седење. Вториот и третиот ред седишта се склопуваат во рамен под за поголеми предмети. R1T добива багажник од 95 литри и под задните седишта и тунел за опрема од 350 литри меѓу кабината и товарниот простор. Тунелот има врати од двете страни што се користат како клупа или скалила за полесен пристап до покривот, или товарната кутија што постојано е надгледувана од камера. Во товарниот простор R1T има интегриран компресор за воздух и три приклучоци за наизменична струја. Постои опција во тунелот да биде поставена комплетно опремена кујна што се извлекува со лизгање и за готвење користи енергија од батериите. Rivian нуди и сопствен систем од телескопски носачи за покрив, кои во R1T можат да се постават и врз товарниот простор. Носачите можат да бидат интегрирани со повеќе додатоци, како ци, како шатор, носачи за велосипеди, скии, кану или кајак. Кога не се користат, склопени се во предниот багажник. Сета оваа досетливост и висока технологија имаат и соодветна цена. На почеток ќе се нудат само најопремените и најмоќните верзии. За комплетно опремен R1T со најголем пакет батерии и највисоки перформанси во Rivian се бараат 61.500 долари, а за R1S 65.000 долари. Rivian веќе прима нарачки со депозит од 1.000 долари.

 

Љубомир Атанасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.