ДОАЃА ОД ЛОС АНЃЕЛЕС СО 1250 КОЊСКИ СИЛИ ПОД КАРОСЕРИЈА, ХИБРИДЕН ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА, ТЕЖИНА ОД 1250 KG, СООДНОС НА МОЌНОСТ-ТЕЖИНА ОД 1:1 И РЕВОЛУЦИОНЕРЕН НАЧИН НА ГРАДБА, CZINGER 21C Е ВИСТИНСКИ ХИПЕРАВТОМБИЛ ЗА ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ ВЕК.
Создавањето на хиперавтомобилот Czinger 21C е остварување на сонот за Кевин Цзингер. Пред сè иноватор и пионер во производство на електрични автомобили и батерии Цзингер развил технологија која ќе го револу- ционализира и поедностави производството автомобили преку нов произвoдствен систем кој вклучува компјутерски инженеринг, користење на напредни материјали, целосна автоматизација на производството и најважното печатење во 3D. Сета оваа силна технологија на Кевин Цзингер го создала револуционерниот хиперавтомобил подготвен да вози во дваесет и првиот век со својот хибриден погон, вртоглавите пер- форманси и лимитир аната серија од само 80 примероци.
ПРВ НА СВЕТОТ СОЗДАДЕН СО 3D ПЕЧА ТЕЊЕ
Патентираниот производствен процес на 3D печатење е основата за создавање на Czinger 21C. Всушност тој е првиот хиперавтомобил на светот кој е произведен со 3D печатење. Низ овој процес се создава тридимензионален објект, односно предмет, или дел, од компјутерски конструиран модел со додавање на материјал слој, по слој сè до конечно оформување на делот. Така секоја компонента која е произведена со оваа технологија е оптимизирана да нуди соодветни параметри со минимална тежина. Воедно произведените делови да не бидат само уште еден машински елемент, туку само по себе да личат на уметничка скулптура како што е на пример носачот на управувачкиот столб и воланот. Токму оваа револуционерна технологија им помогнала на дизајнерите и инженерите да ја материјализираат уметноста на 21-от век во дизајн, конструкција и перформанси. Тие претставуваат пионери во процесот на градба на автомобили, каде автомобилот не е само уште еден конструктивен склоп, туку еден вид уметничка креација. Затоа уметници работат на склопувањето на 21С. Од склопувањето и финиширањето на секој поединечен дел како компонентите на суспензијата, до седиштата и рачно изработените панели од карбонфибер во кабината и повеќеслојното лакирање на каросеријата со квалитет како за на изложба.
СОЗДАДЕН ЗА ПАТ, А СПРЕМЕН ЗА ПИСТА
Креирањето на Czinger 21C о д бел лист им дало слобода на дизајнерите да ги насочат своите идеи кон размислувањето за како ќе изгледаат автомобилите од новата генерација. Воедно идејата била да се создаде моќно чудовиште кое подеднакво ќе одушевува и на пат, и на писта. Затоа во опција се две изведби: една цивилна, и една тркачка со помала тежина. За да ги постигнат посакуваните цели како што се оптимална распределба на тежината и полесно управување на автомобилот кога се вози на писта се одлучиле за идеална седечка позиција на возачот и совозачот. Тие место еден, до друг како во класичен автомобил седат еден, зад друг. Ова е само еден сегмент каде дизајнерите го искористиле концептот на ф ункционална уметност. Секој отвор, засек, испуст покрај визуелна има и функционална намена. Така е добиен агресивен настап, кој сепак не е груб, туку напротив, делува силно, а атлетски складно. Тесната кабина овозможила да се постигнат врвни резултати во поглед на аеродинамиката и негативниот потисок кој го држи Czinger 21C залепен за асфалтот при високи брзини. Колку за пример се наведува т.н. „downforce” од 790 kg при брзина од 250 km/h кај тркачката верзија, додека цивилната генерира 250 kg. Со куси превиси, кабина како купола на борбен авион, масивни отвори за довод и одвод на воздух, уникатен задник и сето тоа спакувано во складно обликувано тело Czinger 21C личи како ниту е ден друг автомобил на св етот.
НА ГРАНИЦА СО НЕВЕРОЈАТНОТО
Перформансите на Czinger 21C граничат со неверојатното. Не само во поглед на остварувањето при возење, туку и моќноста која е спакувана под каросеријата. Изграден околу шасија од лесни легури и карбонфибер, Czinger 21C одушевува со бројките кои ја претставуваат неговата моќ и неговите перформанси. Во средина на шасијата дивее 2.88 литарски V8, развиен од инженерите на Czinger со рамно коленесто вратило кое дозволува повисок број на вртежи и подобра звучна кулиса. Поставени под агол од 80 степени цилиндрите ги хранат два турбо полначи со дијаметар на цевката од 73 mm и му помагаат на 2.88 литарецот да се врти до вртоглави 11.000 min-1 каде започнува црвеното поле на бројачот на вртежи. При полно оптоварување овој V8 остварува масивни 329 КС по литар зафатнина, или околу 950 КС, кон кои се додава и моќноста од по 150 kW на двата електромотори поставени на предните тркала за вкупна моќност од 1250 КС. Со оглед на тежинатa од 1250 Kg кај Czinger 21C е постигнат идеален сооднос на моќност и тежина од 1:1. Електромоторите се напојуваат од пакет на литиум-титанат батерии кои се полнат многу побрзо од литиум-јонските батерии, а се произведени по технологија развиена од Czinger. Моторот е спарен со седум степен секвенцијален менувач преку кого вртежниот момент се испраќа кон задните тркала. Уште една ексклузива врзана за Czinger 21C е неговиот издув кој дозволува гасовите од двата реда цилиндри да се вкрстуваат на излезот од издувната цевка во форма на Х што дополнително влијае врз моќната звучна кулиса која на 11.000 min-1 се претвора во вриштечки крешендо кој маѓепсува и нае жува.
Од вртоглавата моќност произлегуваат и вртоглавите перформанси на Czinger 21C. Катапултирањето од место до 100 km/h се случува во само 1,9 секунди. Ловот на 160 km/h трае 3,5 секунди, на 300 km/h трае 15 секунди, а до 400 km/h се стигнува за 29 секунди. Од место Czinger 21C четвртина милја или 402 метри ги пегла за 8,1 секунди и достигнува максимална брзина од 432 km/h во цивилната варијанта. Тркачката со 380 km/h е малку поспора заради аеродинамиката која е поставена така за да генерира поголем негативен потисок.
Сето ова личи неверојатно, но е реално. Czinger 21С не е само уште еден во низата хиперавтомобили со вртоглава цена од 1,7 милиони долари. Напротив. Czinger е во мисија да го смени погледот кон производство на автомобили. Од компанијата наведуваат дека 21С е само вовед во оваа револуција. Всушност 21С е првиот од серијата ексклузивни модели кои ќе ја користат револуционерната технологија за да ги поместат границите на креативноста и перформансите. Се очекува тоа да бидат возила за слободно време со кои ќе може да се истражуваат неоткриени предели во стил со врвен дизајн и вис оки перформанси.