ПОРШЕ ТАЈКАН – ОБЕЛОДЕНЕТО Е ИМЕТО НА НОВИОТ МОДЕЛ

22/04/2019

Порше наскоро ќе го лансира најновиот модел наречен „тајкан“. Најнапред во форма на класично купе и некласични четири врати со „петта“ за товарниот оддел. Откако ќе биде лансирана купе лимузинава ќе следи изведбата кросовер во 2022 година. „Тајкан“ е всушност концептот „електрична мисија“ прикажан за првпат во 2015 година на Салонот за автомобили во Франкфурт.

Целосно електрифицираниот „порше тајкан“ ќе се произведува во три изведби: обична, односно стандардна карера“ со 396 КС, „карера с“ со 529 КС и најснажната „турбо“ со 661 КС. Уште малку и ќе имаме турбо изведба, но на електричен погон (ако го искомбинираат со овие што чадат). Светската премиера е закажана за крајот на летото, поточна на 10 септември за време на новинарските денови на Салонот за автомобили во Франкфурт. Фотографиите се од концепот „порше е мишн“ – производителот сè уште не објавил свои фотографии.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.