Porsche – Пристигна најновата „911 тарга“

19/05/2020

Во понеделникот на 18 мај, во претпладневните часови Порше преку интернет ја претстави четвртата генерација од моделот „911 тарга“. Како и секогаш, уште од првата генерација, 1965 година, моделов предизвикувал голем интерес кај публиката. Неговата изведба со отворениот дел во комбинација со предното и задното ветробранско стакло, претставува воодушевувачка специфика која го заведува секој вистински љубител на автомобили.

„911 тарга (серија 992)“ ќе се испорачува и со обичен и со автоматски „пдк“ менувач, но сето тоа ќе се одвива во зависност од пазарите, каде каква побарувачка има. Релативно малата тежина е резултат на алуминиумските панли кои доминираат и во претходните две изведби од најновата осма генерација од популарниот модел. Кога ќе почне со испорака, најнапред моделите ќе се испорачуваат со авоматскиот менувач одговорен за пренос на силината на сите тркала. Обичната изведба „4“ поседува 385, односно 450 коњски сили во „4 с“, извлечени од боксер мотор со шест цилиндри чија работна зафатнина изнесува 3,0 литри. И сега сигурно веќе погодувате, тука во „игра“ е турбо компресорот кој ги овозможува тие силини. Кога сме веќе кај турбо компресорите и Порше, да го нагласиме следново. Порше со децении наназад има искуство со турбо моторите и сето тоа е докажано дури и во трките од шампионатот во формула 1 кога освојуваше титули со болидот на Мекларен. Така што тој дел за и околу турбо компресорите не е непознат за Порше, туку напротив ги има на „мал прст“.

На „четворката“ потребни ѝ се 4,2 секунди од 0 до 100 км/ч, а на таа со „с“ 3,6 секунди, односно постигнуваат крајни 289 и 304 км/ч.

Најинтересниот дел од автомобилот е целосно „стаклениот“ покрив кој се отвора и затвора за време од 19 секунди, така што препознатливиот тарга изглед е нагласен кога покривот го нема, а страничниот алуминиумски столб на кој пишува „тарга“ го надополнува впечатокот. Токму тој најпрепознатлив детал е присутен и во првата генерација. И сега си го поставувате прашањето зошто Порше е таму каде што е сега? Затоа што тие гледаат традиција дури и во деталите, а да не зборуваме за дизајнот и за останатите елементи.

Цена е од 147.000 до 165.000, но со резерва во однос на желбите на купувачот и дополнителната опрема, како на пример керамичките сопирачки кои се добиваат со доплата.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.