ПЕЖО ПО ВТОР ПАТ ВЛЕГУВА ВО ЈАТОТО НА ПИКАПИТЕ

07/04/2020

Популарно наречените „пикап“ возила се популарни низ светот поради нивната голема употребливост. Денес јапонските пикапи бијат битка со тие од преку „Големата Вода“ и како што велат статистиките со години наназад и децении, пикапите од Далечниот Исток успешно се справуваат не само со американските туку и со останатите. Пежо е еден од последните производители кои се фрлија во пикап водите. Зошто толку доцна се приклучува во ова категорија возила само тој си знае. Возилото кое Пежо го нуди е направено на основа од „чанган каиченг ф 70“ пикап кој се продава во Кина и одделни земји од тој регион.

Пежо со компанијата Чанган имаат заеднички вложувања и како дел од тоа заедништво е развивано спомнатиот пикап модел. Производителот нагласува дека новиот пикап нема никаква врска со тој лансиран во 2017, наменет за про- дажба исклучиво во Африка. Возилото е именувано како „лендтрек“ и во каросериска изведба со единечна кабина има должина од 5.390, а со двојна кабина 5.330 мм. Ширината од 1920 мм делува импресивно и вели дека во патничкиот оддел има добра удобност. Меѓуоскиното растојание е во рамките на класата и изнесува 3.180 мм.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.