PININFARINA ENIGMA GT-„ЗАГАТКАТА“ НА ПИНИНФАРИНА

08/03/2024

Повеќе од осум десетлетија Пининфарина се бавеше само со дизајн, но понекогаш произведуваше и автомобили како на пример „алфа ромео спајдер“ од 1955 до 2010 год. кога од производната лента излезе последниот примерок. Произведуваше автомобили за други марки, но откако индискиот гигант Махиндра откупи три четвртини од Пининфарина, работите се изменија. Бидејќи компанијата имаше огромно искуство со конструирањето автомобили, а дизајнот го имаат во малиот прст, одговорните решаваат да оформат производство но под марката Пининфарина. Почетоците се со моделот „батиста“, хипер спортско купе со налудничави брзински способности. Да напоменеме, купето беше правено со помош од компанијата Римац, а планирано е да бидат произведени 150 примероци.

И сега на ред е годинашниов Салон за автомобили во Женева каде Пининфарина го претстави концептот „енигма гт“. Најмногу купе, а најмалку купе лимузина затоа што има четири удобни седишта, не се 2+2. Префинет облик проткаен со врвна технологија, а таа е 2,5 V6 ото мотор кој како гориво го користи водородот. Од еден правец поставен со купето „батиста“, сега Пининфарина оди во друга развојна насока, на кусо кажано, водородот во ото мотор плус супериорен дизајн. Концептот ги има следниве димензии 4.580 мм должина 1.950 мм ширина, висина 1.230 мм со растојание меѓу оските од 2.880 мм. V6 моторот ја задвижува задната оска, додека електромоторот предната. Забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 4,0 сек. постигнува крајна брзина од 250 км/ч а неговата тежина, 1.690 кг, е скоро еднаква на денешните класични купе автомобили.

Во 2025 год. Пининфарина ќе прославува 95 години од своето постоење и сакаат концептот „енигма гт“ да биде посветен на годишнината, но како произведен автомобил, не само како концепт. Можеби ќе бидат направени неколку примероци, но сигурно е дека со „енигма гт“ ќе го прослават 95 годишниот јубилеј. Сепак концептот „пининфарина енигма гт“ сѐ уште претставува енигма, загатка.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.