Во склоп на првиот изборот за „Маж на Годината“ според „Машки Магазин“, списанието „Авто Плус“ како најстара и водечка ревија која го покрива автомобилскиот свет се приклучи со засебно креирана категорија, во која се погрижи да се избере „Автомобил за вистинскиот маж“ во изминатата година.
Изборот се одвива според однапред одредени критериуми, а на пошироката кандидатската листата се најдоа сите потполно нови модели на автомобили што своја комерцијализација на нашиот пазар ја имаа во период од последниот ден на февруари изминатата година до првиот ден од март оваа година. Во горенаведениот период на домашниот пазар пристигнаа повеќе од 40-тина нови модели, преставници од сите класи и производители.
Истите се внимателно селектирани и поделени по сегменти од што се извлечени 6-те финалисти: Audi Q8, BMW X2, Ford Focus, Kia Ceed, Peugeot 508 и Volvo V60 кои според мислењата на редакцијата влегоа во трка за насловот.
Специфичен по својата ниска каросерија, прецизно нацртаните линии, мускулеста компактна фигура и силно истакнат индивидуален стил, новиот Peugeot 508 поседува елегантен и иновативен дух, со што се наметна како идеален избор на жирито и беше крунисан со титулата „Автомобил за вистинскиот маж“.