OPEL ROCKS-E-ОПЕЛ ВЛЕГУВА ВО МИКОР КЛАСАТА

07/09/2021

До пред неколку години светот како да ги заборави малите автомобили, а тие од ниската класа почнаа „да растат“ и со димензиите да ја достигнуваат ниската средна класа. Таа состојба владееше и сè уште владее повеќе од една деценија и токму во тој период малите автомобили на некој начин беа запоставени. Единствениот производител кој не им заврте грб беше и остана Фиат, кој важи за еден од најдобрите мајстори на својот занает кога се во прашање малите автомобили.

Опел се впушта во авантурата мал автомобил (2,41м должина, 1,39м ширина и 471кг тежина) и тоа на електричен погон именуван како „рокс е“. Да, добро прочитавте, авантура, затоа што ова е прв микро автомобил на Опел, нешто како од класата (сегментот) „а“, но нема да згрешиме ако кажеме дека е и под таа класа. Не ни е познато зошто Опел се одлучи на ваков потег, но градските автомобили отсекогаш биле и ќе бидат во мода, или подобро да кажеме дека веќе од поодамна минале во класиката која е вечна.

Кај Цитроен овој автомобил е наречен „ами“ (но воопшто не личи на тој „ами“ од пред половина век), додека опел одбра име „рокс е“. Ја користи истата основа (платформа) и во себе има 5,5 kWh батерија со која возилото може да измине 64 километри. Со тој мотор кој поседува осум коњски сили возилото постигнува крајни 38км/ч, што значи дека возилото е некоја замена за мотоцикл, а дека тоа е така докажуваат неговите две седишта. Засега „опел рокс“ ќе се продава само на домашниот пазар и нема најави за извоз, но најинтересно е што 15 годишници и постари од нив, кои имаат уверение за управување со моторче чија погонска единица е со зафатнина до 50 ссм, ќе можат со истото уверение да го возат и „опел рокс е“. Дали такво нешто е можно и кај нас?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.