OPEL MANTA GSE ELEKTROMOD-И „МАНТАТА“ СО РЕТРОДИЗАЈН

25/03/2021

Големите љубители на автомобилите никогаш не можат да го прежалат преубавото опелово купе „манта“. На времето, но и сега, автомобилот беше и остана врв во класата на купе автомобили, или единица мерка за тоа какво треба да биде едно купе. Тој модел беше навистина многу почитуван и посакуван, немаше човек кој не посакуваше да поседува „опел манта“.

Дојде време кога производителите се соочуваат со следниов „проблем“. Тие не можат да најдат замена за легендарните автомобили и сега се одлучуваат на потегот ретродизајн, повторување на моделот со минимални измени и секако со вградување најнова технологија. Се појавија: „фолксваген и. д. Баз“, потоа „рено 4“ и „рено 5“, а во моментов стигнува вест за ист таков козметички третман и за „опел манта“. Моделот „манта“ наскоро ќе го видиме во продажба, но не во класичната изведба, туку како електромобил. Концептот кој деновиве ги „запали“ светските гласила, посебно тие специјализирани за автомобилската индустрија, е наречен „опел манта гсе електро мод“.

Класиката од купе „опел манта“ во 2020 година славеше јубилеј, 50 години од првичното претставување во 1970 година. Се произведуваше 19 години, а во 1988 година излезе последниот примерок.

Еден по еден производителите тргнуваат со враќање на непрежалените модели. Засега успешен потег направија Фолксваген со „бубата“ и Мини, но многу нè интересира дали Фиат ќе се впушти во иста „авантура“ да ја врати легендарната „панда“ (првата генерација заедно со таа редизајнираната) и „ланча / аутобјанки ипсилон 10?

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.