Велат класиката е таа која се задржала низ вековите, децениите без да потклекне во налетот од многуте модни „бубачки“. Доказ за претходно напишаново е Опел и неговите каравани.
На почетокот од декември Опел ја лансираше најновата караван изведба од штотуку претставената „астра“ во комбилимузина изведба. Во септември оваа година „астра“ со пет врати, а во декември „астра караван“, односно не е караван туку „спортс турер“. Кога некој го прави тоа толку успешно речиси со секоја генерација, тогаш е јасно зошто Опел и овој пат од неговиот најпопуларен модел претставува семејна изведба, караван, односно „спорт турер“. И не мора да е семејна, можеме да ја наречеме, најупотреблива затоа што нејзиниот оддел за товар е повеќе наменски. „Опел астра спортс турер“ е автомобил очекуван од многумина поклоници и сигурно продажбата ќе оди стандардно добро како и со сите претходни генерации.
4.642 мм должина, ширина 1.860 и висина 1.480 мм тоа се новите димензии или за 60 мм покуса од претходната генерација, но затоа меѓуоскиното пораснало за 70 мм и сега растојанието од оска до оска изнесува 2.732 мм. Ова растојание е поголемо за 57 мм отколку тоа кај изведбата со пет врати.
Ја нагласивме повеќенаменската улога на „спорт турерот“ и јасно е дека товарниот оддел е многу голем, односно цели 608 литри или 1.634 со соборена задна клупа. Поради батериите кои се наоѓаат во подот од возилото, плагин хибридната изведба има за нијанса помали зафатнини, 548 со 1.574 литри. Покрај најсовремената, електрифицирана изведба која во себе има 225 КС, Опел сè уште нуди бензински и дизел агрегати со силина во распон од 110 до 130 КС.
Ако сè оди според планот, продажбата ќе започне на крајот од месецов и тоа најнапред во земјите каде возилата од марката Опел традиционално добро се продаваат, а веднаш потоа и на останатите пазари. Сепак можна е и фронтална продажба.