СЕ БЛИЖАТ ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ – НОВОГОДИШНИТЕ, БОЖИKНИТЕ. ПРИСУТНО Е И ДОБРОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ, ВО ПРИГОДЕН АМБИЕНТ, КАКО ШТО ДОЛИКУВА. ПОДГОТОВКИТЕ ШТОТУКУ ЗАПОЧНАА. ТРПЕЗАТА МОРА ДА БИДЕ ПОЛНА, БОГАТА…, СПОРЕД МОЖНОСТИТЕ. ГОТВАЧОТ НА ДАВОР ПАНЧЕВСКИ KЕ ВИ ДАДЕ ИДЕJА ШТО ДА ПРИГОТВИТЕ, ВКЛУЧИТЕЛНО И ТРИТЕ РЕЦЕПТИ (КОИ, ИСТО ТАКА, НИ ГИ ДАДЕ), СООДВЕТНИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ШТО ПРЕТСТOJАТ.
Mинимален труд за максимално задоволство“ е мотото на Давор Панчевски, авторот на „Dave’s Kitcen – Гответе насмеани“, кој ќе ве инспирира, несомнено. Книгата е своевидна колекција, збирка од испробани рецепти (осумдесетина), за појадок, роденденска трпеза, солени задоволства, за десерти. Се разбира, готвачот можете да го искористите и во недостиг на идеи за празниците што следуваат – Нова година, Божиќ, и во збогатување на софрата, разбивајќи ја монотонијата, сувопарноста. Во исто време, со негова помош, можете да ги покажете и кулинарските вештини за кои не сте ни свесни дека ги поседувате. Како било, забавувајте се додека готвите, смејте се… Впрочем, празници се ближат, а колачињата со бадеми и со портокал, кифличките со мармалад од кајсии, погачата во форма на елка, вклучително и рецептите од книгата ќе ги разубават уште повеќе. Bon Appétit.
ПОГАЧА ВО ФОРМА НА ЕЛКА
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Тесто: 750 г брашно, 250 мл млеко (доколку е многу тврдо тестото, додајте уште малку), 1/2 квасец,1 лажиче шеќер, 2 јајца, 120 мл масло за јадење, 2 лажичиња сол, 50-100 г маргарин, јајце за премачкување, сусам.
Фил: 500 г исчистен спанаќ и попарен со врела вода, исечкан, 200 гр. дробено сирење, сол по вкус
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Во длабок сад ставете ги брашното, квасецот, млекото, маслото, јајцата и солта. Замесете меко, глатко тесто и оставете го да стаса, околу 1 час, на собна температура.
Откако ќе стаса, поделете го на два дела и од секој дел расукајте две правоаголни кори. Премачкајте ја едната кора со малку маргарин и нанесете го филот така што ќе го распределите по целата кора (врз маргаринот). Врз филот ставете ја другата кора. Со нож пресечете триаголник од тестото, така што на долниот дел од триаголникот ќе го формирате стеблото на елката. Вишокот од тестото тргнете го настрана (подоцна можете да направите вкусни филувани кифлички или, пак, мала погача). Сега, кога ја имате формата на елка, од врвот надолу повлечете две веритикални линии со нож, не сечејќи го тестото, само обележувајќи две линии – едната да се совпадне со левата страна , а другата со десната страна од стеблото на ,,елката“. Започнувајќи од долниот дел, пресечете ленти (водејќи се од двете веритикални линии), широки околу 1,5 см, од двете страни на елката. Свиткајте ги сите ленти во спирала. Премачкајте ја погачата со жолчка, декорирајте ја со сусам и ставете неколку парчиња маргарин низ целата погача. Оставете ја да стаса, 15-20 минути, и ставете ја во рерна да се пече на 180
КОЛАЧИ СО БАДЕМИ И СО ПОРТОКАЛ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
180 г растопен путер, 250 г исечкани бадеми, кора од 1 портокал, 1 лажица екстракт од ванила, 120 г шеќер, 8 лажици брашно, 1 јајце
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Ставете ги состојките во длабок сад и соединете ги. Оставете ја целата смеса да се стегне околу 30 минути во ладилник. Со лажиче ставајте од смесата во тавче обложено со хартија. Печете на 160 Целзиусови степени, 10-12 минути. Оставете ги колачињата да се изладат и одозгора прелијте ги со растопено чоколадо. (Доколку краевите премногу потемнеле, можете со помош на чаша да оформите правилни тркалезни колачиња.)
КИФЛИЧКИ СО МАРМАЛАД ОД KАJСИИ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
Тесто: 300 г брашно, 230 г ладен путер, исечкан на коцки, 50 г јогурт, 50 г шеќер, 1 жолчка, 1 ќесичка ванилин шеќер
Фил: мармалад од кајсии, 150 г исечкани лешници, шеќер во прав за декорација
НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ:
Измешајте ги состојките со миксер и оформете убаво меко тесто (доколку тестото е премногу лепливо, додајте уште 50 г брашно). Поделете го тестото на 4 дела и секој дел, посебно, завиткајте го во хартија за свежа храна. Оставете ги во ладилник околу 2 часа, да се стегнат. Секој дел расукајте го на убаво набрашнета површина, за да добиете тркалезна кора. Пресечете ја на 12 делови, премачкајте ги со мармаладот и наросете ги со исечканите лешници. Свиткајте ги деловите во форма на кифлички и наредете ги во тавче обложено со хартија за печење. Постапката повторете ја со сите делови од тестото. Оставете ги 10-15 минути во замрзнувач, убаво да се стегнат, и печете ги во загреана рерна на 170 Целзиусови степени, 18-20 минути. Декорирајте ги со шеќер во прав.