ТРАДИЦИОНАЛНО, НА 29 НОЕМВРИ, БЕЛАТА КУЌА ЈА ПРЕТСТАВУВА БОЖИЌНАТА, НОВОГОДИШНАТА ДЕКОРАЦИЈА НА ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ ПРЕКУ ФОТОГРАФИИ, ВИДЕОЗАПИСИ, А ВЛЕЗОТ ИМ Е ДОЗВОЛЕН САМО НА ЖУРНАЛИСТИТЕ. ГОДИНАВА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏО БАЈДЕН И НЕГОВАТА СОПРУГА ЏИЛ ГИ ВООДУШЕВИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА ВАШИНГТОН И, ВООПШТО, НА СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ СО НЕЈЗИНИОТ СЈАЈ И РАСКОШОТ, БЕЗ ОГЛЕД НА БРОЈНИТЕ ОСУДИ ЗА ЦЕНАТА, НАЈВИСОКА ДОСЕГА
Првата дама, Џил Бајден е одговорна за годинашната божиќна декорација во Белата куќа и нејзиниот изглед однадвор, која на пошироката јавност ѝ беше претставена во ноември, на 29-ти, традиционално. А, обичајот е запазен и кога се работи за обврските на претседателската сопруга. Имено, децении наназад, па и столетија, украсувањето ѝ е доверено нејзе, а годинава, според информациите, неговата цена е доста висока, чини 200.000 долари. Реакциите се поделени, едни ја одобруваат, а други, пак, сметаат дека е неприфатлива.
Како и да било, божиќната, новогодишната декорација го привлече вниманието на вашингтонските и, воопшто, на жителите во Соединетите Американски Држави со нејзиниот сјај и раскошот, а празничното расположение почна истиот ден, кога се отвори вратата на Белата куќа за журналистите. Маринците, членовите на инструменталната група во исто време ги исполнуваа познатите музички нумери за Рождеството Христово.
Годинава, претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил за првпат ќе ги слават божиќните празници во Белата куќа, вклучително и новогодишните. Се разбира, како и другпат, украсувањето е тематско, а првата дама се одлучи за „Подароци од срце“. На влезот има големи, убаво спакувани дарови, во претсобјето, т.е. холот и околу вратата од собата, просторијата во која на 29 ноември се одржа свеченоста. Официјалната елка што се наоѓа во Плавата соба ја дочекува сопругата на претседателот, а така беше и сега. Тоа е, исто така, дел од традицијата. Сепак, бројот на елките во Белата куќа достигна 41. За нивното китење биле ангажирани 100 волонтери кои го декорирале и целиот простор за 7 дена, со 10.000 лампиони, орнаменти, 300 свеќи, 6.000 стапки (речиси 1.830 метри) украсни ленти, 78.750 светилки. Едновремено и секоја просторија, односно соба има „подарок“ – различна тема или мотив. На елката во трпезаријата е закачен орнамент, фотографија на брачната двојка Бајден, Џо и Џил, заедно со другите. Неговата симболика е многузначна, пред сѐ семејна, додека конзолата е украсена со макета – копии на објектите, установите чии вработени се борат со вирусната пандемија, направена од 55 парчиња леб со ѓумбир, над 54 килограми пастили, околу 16 килограми чоколадо и повеќе од 11 килограми глазура, оддавајќи почит на болничарите и болничарките, полициските службеници, пожарникарите.
Во источната колонада и просторот каде што се наоѓа истата, можат да се забележат голем број гулаби, ѕвезди во чест на воените лекари од првата линија во битката со КОВИД-19, а таму е и новогодишната елка со која им се оддава почит на погинатите војници за доброто на земјата и нивните семејства.
Библиотеката е украсена со пеперутки од рециклирани весници, хартии во различни бои што, заедно со книгите, го симболизираат дарот за учењето, а китењето на собата Вермеј е целесообразно – приборот за цртање, од бои до четки, всушност е симбол на дарот за визуелност. И венците на столовите, нивните потпирачи во просторијата со колекционерските предмети од Кина го симболизираат пријателството, вклучително и споделувањето. Најголема во Белата куќа е Источната соба чиј „подарок“ – тема или мотив на украсувањето е благодарноста. Наполитанските јасли се таму, секои божиќни празници од 1967 година. Осумдесетте фигурини во нив се многу стари, речиси три века.
Новогодишната, божиќната елка во Плавата соба е и званична, како што веќе споменавме. Таа е симбол на мирот и единството, а белите гулаби со транспаренти на кои се врежани називите на териториите, државите ја обвиваат како украсни ленти, каскадно. Малку отстрана е стражарот, припадникот на војската што ја чува, симболично. Украсена со лампиони во форма на дувачки инструменти, елката насреде во Црвената соба ја тематизира перформансата, изведбата, а одоздола има балетски, чевли за степување и ноти. Мотивот за китењето на големото фоаје и крстовидното претсобје или холот е верата и заедништвото. Висечките, свеќите на лустерите, вклучително и елките и макетарските работи, куќите ја претставуваат зимата во градот, пригодниот амбиент, како и уживањето на семејството Бајден и администрацијата во него, до 1 јануари, кога ќе почне раскитувањето на Белата куќа.