FIA Region I учествуваше на годишната конференција EUCAR (Европски совет за автомобилскo истражување и развој), која се одржа на 6 и 7 ноември 2019 година, во Брисел. Настанот даде можност да се биде сведок на материјалните докази на мобилноста во иднина и ги собра на дебата сите релевантни чинители.
Проектот на FIA Region I, L3Pilot, ги покажа функционалностите на автономното возење, тестирани во различни ситуации, вклучувајќи паркинг, престигнување на автопати и возење низ градски раскрсници. Координаторот на проектот L3Pilot, г-дин Арија Етемад, ги претстави прелиминарните резултати од истражувањето за автономно возење спроведено во 9 земји. Резултатите покажуваат дека луѓето се свесни за автономно возење и знаат дека треба да ја преземат контролата секогаш кога е потребно. Сепак, за разлика од Кина, во Европа и САД, луѓето не се убедени во користењето на технологијата во урбаниот сообраќај, па оттука, во ситуации на паркирање, покажуваат најголем интерес.
Во таа насока, придобивките од поврзаното автономно возење (CAD) мора подобро да им се презентираат на луѓето, со цел да се обезбеди нивно прифаќање од страна на корисниците. Проектот L3Pilot има за цел да го тестира и проучи автоматското возење како безбедно и ефикасно превозно средство. Особено се занимава со перспективите на корисниците, нивното прифаќање и однесување во текот на патувањето.