NISSAN Z NISMO-„З“ ВО ПОИНАКВА ОПАКОВКА

23/08/2023

Некогаш најчесто како „з 300“, а денес е само „з“. Купе автомобил од Нисан кое е многу популарно на северноамериканскиот пазар, но на континентов пробивањето потешко му оди. Како и да е, сепак Нисан направи купе кое мора да се почитува. Конструкторите се потрудиле од новата генерација да извадат најснажна изведба која ја именувале како „нисмо“. Ова име го сретнуваме во спортскиот оддел на Нисан наречено Нисам Моторспорт & Кастмајзинг. Одделот Нисмо (НИсан МОторспорт) е наменет за подготовка на автомобили за трка, но и за подготовка на најбрзите туристички модели како што е случајот со моделот „з нисмо“.

Сега на ред е најважниот миг, моторот. Неговата зафатнина изнесува три литри и е поделена во шест цилиндри поставени во V. За погонската единица да има повеќе силина, поставени се две турбини, а не една. Таквиот дополнително доработен мотор развива 426 КС и максимален вртежен момент од 520 Нм. Од „обичната“ изведба „нисан з нисмо“ има повеќе силина, плус 19 КС и дополнителни 46 Нм. Сето тоа се пренесува на задните тркала преку автоматски пренос со девет брзини.

Покрај доработката на моторот, конструкторите работеле и на дотерување на подвозјето. Секој спортски автомобил задолжително мора да има доработено подвозје, во спротивно во свиоците ќе го игра „танцот на патките“.

Пет бои, 19 инчни тркала со 285/35 пневматици, менувач со девет брзини, за 19 КС повеќе заедно со тие 46 Нм, но и нова електронска програма за работа на моторот и менувачот. Цена? Не е битна цената, битно е дали сакате да возите ваков автомобил, или повеќе преферирате проверен „сув“ или некоја лимузина.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.