На крајот од месецов светската елита, производителите на автомобили, од Франкфурт се сели на Далечниот Исток, во земјата на изгрејсонцето. Таму во нејзиниот главен град од 24 октомври до 4 ноември производителите ќе ги претстават своите најнови достигнувања. Секако дека таму производителите од Истокот ќе бидат доминантни, но ќе бидет доминантни и концептите. Токму за тој сегмент возила се интересира и Нисан кој за првпат ќе го претстави малото возило на иднината „имк“.
Автомобилот е од класата на мали мпв возила и Нисан полага внимание на оваа класа бидејќи е поупотреблива, попрактична и порационална од било која. И самата подкласа „мпв“ (мулти персонал вагон) кажува дека возилото може да се користи за повеќе намени, така што Нисан е на вистинскиот пат да ги освои купувачите кои бараат токму повеќенаменско возило – и за на пазар, и за превоз на деца од и до училиште, и да пренесе некои кабасти предмети, и за семејни излети и што е најважно не е гломазно за возење во градските гужви. Се надеваме дека концепт возилото „нисан имк“ нема да заврши во некое музејско депо и да фаќа прашина, пред сè затоа што е практично и електрично.