NISSAN-ЈУБИЛЕЕН ПРИМЕРОК СО ИТАЛИЈАНСКИ КРЕМ

23/12/2019

По повод 50. годишнината од моделот „гт-р“, Нисан претстави прототип модел на кој „кумуваше“ дизајнот од познатата работилница „Италдизајн“. На почетокот сè беше во ред сè додека моделот не беше прикажан на големите саемски манифестации. Тогаш колекционерите на ретки примероци, но и љубителите на автомобили, беа непријатно изненадени кога дознаа дека Нисан ништо не презема прототипот да мине во сериско производство. На барање од јавноста Нисан и Италдизајн се договорија да изработат 50 примероци со сите ознаки и ексклузивитети како што доликува на јубилеен модел.

Моторот со зафатнина од 3,8 литри и шест цилиндри во V со двоен турбо компресор, наново е доработен и сега во него има 720 коњски сили.

Обичниот „нисан гт-р“ е надалеку познат и почитуван од познавачите на автомобилите и капа му симнуваат на конструкторот, а би било интересно да се слушнат нивните изјави како реагирале кога дознале за јубилејниот прототип и неговото „заминување“ во ограничено сериско производство од само 50 примероци.

Првиот примерок „нисан гт-р 50 бај италдизајн“ од тие 50 ќе биде изложен догодина во март на престижниот Салон за автомобили во Женева, а потоа истиот тој примерок ќе биде однесен кај сопственикот.

 

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.