Национален избор на автомобил на годината во Македонија 2021-Одредени ФИНАЛИСТИТЕ на Националниот избор на Автомобил на годината во Македонија за 2021

15/02/2021

Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 26. пат го организира  Изборот и истиот е најстар и единствен Национален  Избор.

Согласно условите за учество во Избор на Автомобил на годината за 2021 во Македонија, Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија ги одбра следниве возила кои влегуваат во финалето (по азбучен редослед):

Citroen C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf

 

Според однапред утврдената динамика следуваат и во тек се деталните запознавања со финалистите. Прогласувањето на победникот ќе биде на крајот од февруари 2021 година.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието:

* „СУВ автомобил на годината“
* „Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
* EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата

 

Љубомир Анастасовски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.