MITSUBISHI-НАСКОРО НОВ „Л 200“

28/06/2023

Најпознат е по името „л 200“, но некаде носи име „тритон“. Како и да е, тое е еден од моделите по кои Митсубиши е најпознат во светот. „Л двестотка“ е пик ап возило од средна големина и е крајно практично и многу употребливо. Неодамна производителот го претстави новиот наследник како концепт наречен „икс т р“ и сега се чека на сериската изведба која е најавена за 26 јули. Светската премиера ќе биде приредена во Тајван каде и ќе се произведува. Дизајнот на шестата генерација од моделот „л 200“ му е доверена на Сеиџи Ватанабе кој за филозофијата на новиот облик вели дека е „дрска и одважна“. Во најавата повеќепати се спомнува дизајнот, небаре тој е клучниот фактор во сета игра. Веднаш да преминеме на најглавното.

Сега Митсубиши е дел од заедништвото Рено Нисан Митсубиши и новата генерација од моделот „л 200“ ќе биде правен на основата од „нисан навара“, односно „нисан навара“ во друга опаковка. Митсубиши почна да го губи својот идентитет? Така некако. Каков срам за кралот на релито Дакар. Непобедливиот, најтрофејниот меѓу сите трофејни сега е паднат на колена. 12 победи на релито Дакар, некогаш страв и трепет за конкуренцијата, а денес шестата генерација од моделот „л 200“ нема да користи своја шасија и сѐ друго, туку туѓо.

Во зависност од побарувањата на купувачите и законите во одделни држави, „митсубиши л 200“ ќе се нуди и со бензински и со дизел мотори, а најверојатно ќе има и хибриден погон. Деталите за новата генерација ќе бидат обелоденети на 26 јули за време на светската премиера во Тајланд.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.