MINI VISION URBANAUT-МИНИ ГО МЕНУВА КУРСОТ

06/07/2021

Според досегашните модели, концептот на делување на марката Мини е надалеку познат. Марката е сопственик на препознатлив модел по своите единствени дизајнерски решенија, а тоа отприлика или точно гласи, Мини призведува мал компактен автомобил со две врати со кој се нагласува индивидуалноста, но воедно и спортскиот дух.

Сведоци сме на неговиот успешен настап на рели натпреварите ширум светот. Новиот сопственик на Мини успеа минатото да го преточи во сегашност и да го продолжи животот на овој успешен модел и воопшто на марката. Покрај моделите со три врати, Мини има и модели со пет врати, но неговата препознатливост е компактната класика со три врати, градскиот дух и спортската нота. Кога во 2020 година во ноември го претстави „вижн урбанаут“, виртулен модел, скоро сите беа изненадени. И кога секој очекува нешто посебно за оваа марка,  нешто во ист тон како и досега, Мини влезе во сосема друга димензија наречена градски превоз и малку повеќе. Тоа е тој модел што претходно беше претставен како виртуелен, а сега го имаме материјализиран со истото име само што веќе е концепт – „мини вижн урбанаут“.

Според производителот, овој концепт е слика и прилика на тоа како Мини гледа на иднината, посебно на таа поврзана со мобилноста во населените места. Затоа дизајнерите посветиле многу внимание на ергономијата, односно внатрешноста да биде во целосна служба на човекот – севкупна посветеност на секојдневието со рационални и употребливи решенија, размислување за иднината и потребите на современиот човек за негов пренос од една до друга точка во градот, но и надвор од него.

Надворешниот дизајн е целосно заоблен, без оштри рабови. За полесно влегување и излегување од внатрешноста, поставени се лизгачки врати и приспособливи седишта, односно нивно склопување и можност за преместување и нивно претворање во маса или нешто слично, а може и во дневна соба. „Мини вижн урбанаут концепт“ има некои траги од препознатливите линии на класичниот „мини“, но потсетува и на неколку еднопросторни модели од други марки, се разбира со благи исправки во дизајнот кој на моменти е и ретро и не е оштро посветен на иднината, облици кои најчесто ги сретнуваме во филмовите од научната фантастика. Дали Мини успеал или не успеал во својата намера, тоа ќе го дознаеме кога ќе одлучи концептот да го префрли од музеј во сериско производсто.

 

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.