MINI-Обновување на кантримен

27/07/2020

Возило за речиси секаков терен, со повеќе од доволен простор за четири возрасни лица, плус оддел за товар од максимални 1.390 литри и што е најважно има погон на сите тркала. Сето ова е сместено во обновената изведба од моделот „кантримен“, но не било кој туку тој со најмногу коњски сили и дополнителни три букви во името „џкв“ односно „џон купер вркс“.

Во пакетот од автомобил нема што нема, можете слободно да излезете и надвор од асфалтот, но не претерувајте. Тоа со погонот на четири тркала е многу битен елемент, а уште побитен е автоматски менувач стептроник со осум брзини, одговорен за пренос на 300 КС до двете оски. Овие неколку стотини коњски сили се извадени од реден четирицилиндричен мотор чија работна зафатнина изнесува два литри. Сето тоа со силината е овозможено од турбо компресорот, затоа на „мини кантримен џкв“ му се потребни само 5,1 секунди од 0 до 100 км/ч и затоа постигнува 250 км/ч крајна брзина, односно таа е елекронски ограничена.

Што друго во себе има обновениот „мини кантримен џкв“? 18 инчни тркала, потврда спортска суспензија, поголеми дискови, а за автоматски подесиви амортизери треба да се доплати. Потоа следи пет инчниот дијаметар, централно сместен кружен екран на кој како некогаш се следат бројот на вртежите од моторот, а сега имате можност да следите уште еден куп други показатели, сето тоа благодарение на дигиталната технологија. За повеќе детали кога ќе биде објавена цената на возилото, а тоа ќе се случи заедно со продажбата која се очекува да започне во ноември.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.