Мини, Бош, Таг Хоер и Алианц се здружија и годинава многу често ќе ги гледаме на тркачките патеки каде главна улога игра формула E. Миниевиот модел „електрик пејссетер“ премиерно и официјално ќе биде прикажан на 10 април за време на Е трката во Рим, третата трка од годинашниов шампионат.
За конструирање на ова возило позајмена е основата од серискиот модел „се електрик купер“, но со мноштвото измени и употреба на супер лесни материјали, безбедносното возило е полесно во однос на серискиот модел за фантастични 130 килограми, односно поседува 1.230 килограми. Затоа неговите 184 КС ќе можат подобро и поубедливо да го влечат возилото. Не само што го имаат позајмено моделот „се електрик купер“ како основа за развој, туку имаат позајмено и од „најстрашниот“ и воедно најбрзиот во семејството кој во своето име ги има овие три плус две букви „џкв гп“. Од 0 до 100 км/ч потребни му се 6,7 секунди, а од 0 до 60 км/ч за 3,6 секунди.
Цена? Не е за продавање и не е за возење по улици затоа што автомобилот не е хомологиран, може и смее да се движи исклучиво на тркачки патеки. Покрај Бош, Таг Хоер и Алинац присутни се и други спонзори, а меѓу нив и Мишелин. Така се договорил Мини со нив и со ФИА. Мини ќе биде на пистата заедно со формулите, но ќе им служи само како безбедносно возило.
Жарко Атанасоски