MINI COUNTRYMAN-НОВИОТ „КАНТРИМЕН“ СО НОВ МОТОР

28/12/2023

Отсега натаму семејството на „кантримен“ е зголемено за уште една изведба која во името ја има буквата „ц“. Останатите делови од современото „сув“ возило се исти, но колку за потсетување задната клупа може да се движи напред/назад и со тоа просторот за товар добива 1.460 литри, зафатнина која го прави возилото да биде повеќе од практично. Имено, конструкторите од Мини овој пат вградиле 1,5 литарски турбо мотор со три цилиндри во линија и секако умерена хибридна технологија.

Бензинскиот мотор заедно со 48 волти хибридна технологија имаат вкупно 170 КС доволни возилото да забрзува од 0 до 100 км/ч за 8,3 сек. и да постигне крајна брзина од нескромни 212 км/ч. Силината од моторот се пренесува на предната оска преку автоматски менувач со двојна спојка. Со оваа комбинација на „мини кантримен ц“ во комбиниран режим на возење потребни му се 6,1 л/100 км. Четири пакети со опрема се наменети за изведбата „ц“, а за најевтината од нив треба да издвоите 39.000 евра.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.