MINI 5 PORTAS-МИНИ СО ПЕТ ВРАТИ

20/06/2024

Мини четврта генерација, а од неа најнова изведба со пет врати. Нов автомобил, нови димензии, должина 4.035 мм (подолг за 10 мм), ширина 1.744 (поширок за 20 мм) и висина 1.464 мм (понизок за 40 мм во однос на „мини“ од 2021 со пет врати). Зошто со пет врати? Затоа што има луѓе кои сакаат автомобили со пет, а не со три врати. Кога веќе сме кај димензиите да спомнеме дека одделот за товар не е од најпросторните, на пример „ибица“ и „поло“ имаат за 80 л повеќе простор, а слична е состојбата и со останатите како на пример „опел корса “ и „пежо 208“.

Таблата со инструменти е потполно иста како кај класичната изведба, таа со три врати. Зад управувачкото тркало нема ништо, додека малку десно се приметува посебниот круг со дијаметар од 24 см кој игра улога на табла со инструменти.

За почеток на продажбата Мини нуди само изведби со бензински мотор и две силини – 165 и 204. Јасно, моторот е со турбо компресор, но збунува потегот бидејќи Мини има и електричен погон и хибриден, но во изведба со пет врати засега не се вградуваат.

„Есеншл“ е првиот пакет на опрема во понудата од петте и за него ќе треба да платите околу 30.000 евра, значи за основниот модел. Останатите три нивоа на опрема се: „класик“, „фејворид“ и „џон купер вркс“ за која ќе треба да платите најмногу бидејќи има 204 КС и многу спортски „навики“ (опрема). За подетални информации, обратете се кај увозникот на Мини.

 

Жарко Атанасоски

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Преглед на приватност

Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.