Наскоро производителот МГ треба да претстави сосема нов „сув“ од програмата „зс“. Да не помисли некој дека е обновување (редизајн), ова е како што нагласивме ново во семејството МГ. Погонската единица е составена од еден класичен бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри и два електромотори. Од нив едниот е погонски, а другиот има улога на генератор. 1,5 литарскиот и електромоторот имаат комбинирани 196 КС, 8,7 сек. од 0 до 100 км/ч и 166 км/ч крајна брзина. Убави бројки. Од тие убавите бројки еве уште две сосема исти, должина 443 см и зафатнина на одделот за товар од 443 л. Сега на ред се неизбежните екрани. Таблата со инструменти има дијагонала од 7 инчи, а мултимедијалниот е со големина од 12 инчи.
Од тие електронските направи како вклучување на телефони и слично, има и камери за следење на состојбата одзади, но има и „мг пилот“, уред со кој се следи движењето на возилото, ако некој влезе во невидливиот агол, потоа ако возилото мине во друга лента, предупредување кога возачот е заморен – во фаза на дремка, предупредување кога возило доаѓа од спротивната страна право во вас и што уште нѐ.
А што е со конкуренцијата? Таа е присутна во голем број, почнувајќи од: Пежо со „2008“, Тојота со „ц – хр“ потоа Нисан, Хјундаи, Киа, Рено и секако хитот на европскиот пазар „дачија дастер“
Во однос на цената, кога МГ ги пушти во етер овие први фотографии од „зс хибрид+“ заедно со генералиите, цената не ја соопшти, тоа го остави за 19 септември.