Kако што отсекогаш правеле во Мерцедес, сите нивни модели добиваат „амг“ изведба и следствено на тоа и „а класата“ ја доби таа ознака. Тие три букви значат поголема брзина, подобро забрзување, поголема крајна брзина, повеќе коњски сили, потврдо подвозје, спортски седишта и тн. Сето ова искажано во бројки кај „мерцедес – бенц а35 амг 4матик“ изгледа вака: моторот има четири цилиндри во линија со работна зафатнина од 2,0 литри и истиот е засилен со турбо комресор. Тоа е еднакво на 306 коњски сили, забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,8 секунди и крајна брзина од 250 км/ч која е електронски ограничена. Спортското подвозје со погонот на сите тркала, „4 матик“, овозможува беспрекорна стабилност посебно во свиоците.
Најновата технологија вградена во моторот гарантира негова максимална искористеност во секаков режим на работа. Уредот „камтроник“ овозможува променливо отворање и затворање на вентилите, потоа електронско надгледување на топлината на моторот и маслото, високо прецизните бризгалки со палење на смесата (во повеќе точки) со повеќе искри и за крај треба да се спомне патентираниот изум „коникшејп“, посебна доработка на внатрешниот дел од цилиндрите, кој допринесува за намалено триење со клипот, а тоа резултира со поголема ефикасност на моторот.
И сега се прашувате колку чини ова ново чудо на Мерцедес во спортско пакување – увозникот е најмеродавен да одговори на вашето прашање.